1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Како да се задржат Меси, Анри и Ето

Баерн од Минхен во улога на аутсајдер патува во Барселона на првиот четрт-финален натпревар од Лигата на шампионите. Денеска на програмата е и англискиот дуел Ливерпул-Челзи

default

Со каква тактика против Барселона? Менаџерот Ули Хенес (лево) и тренерот на Баерн Јирген Клинсман

Тимот на тренерот Јирген Клинсман со грижи отпатува за Шпанија. Одбранбениот играч Лусио нема да настапи поради повреда. И напаѓачот Клозе, инаку најдобриот стрелец на Баерн сезонава, истотака нема да биде во тимот. Баерн против Барселона важи за јасен аутсајдер. Капитенот Марк ван Бомел го голем респект гледа на тимот кој суверено води на табелата во Примера дивизијата.

Champions-League-Finale, der FC Barcelona hat den Cup!

Дали Барселона ќе го повтори успехот од 2006?

„ Тие имаат најдобар тим во светот. Играат фудбал со брзи додавања. Во предниот ред имаат тројца играчи кои мора постојано да се чуваат. Ниту еден не смее да се остави слободен. Во одбраната се речиси исто толку силни. Значи, подобро не може да биде“, посочува Бомел на предностите на противникот, кој во нападот се потпира на супер-ѕвездите Лионел Меси, Тери Анри и Самуел Ето и денеска ќе настапи во најдобар состав.

Актуелниот европски шампион со тешка задача во реваншот

Fußball Champions League Manchester United

Вејн Руни ( во средина) беше еден од стрелците на головите за Манчестер Јунајтед

И покрај слабите настапи на Баерн во Бундеслигата, Барса сепак внимателно ќе влезе во мечот со тимот кој во осмина-финалето му даде вкупно 12 голови ан Спортинг од Лисабон. Тренерот на Бааерн Клинсман е убеден дека Баерн ќе игра сосема поинаку, како на секој натпревар од Лигата на шампионите во кој игра сосема поинаку, отколку во некои Бундеслига-натпревари, кои ги одиграл невнимателно и безгрижно.

Денеска во четврт-финалето на Лигата на шампионите на програмата е и англискиот дуел меѓу Ливерпул и Челзи.

Во вчерашните два четврт-финални натпревари бранителот на титулата Манчестер Јунајтед дома на Олд трафорд одигра само 2:2 против Порто, а нерешено 1:1 заврши и дуелот меѓу Виљареал и Арсенал.

Автор: Кале Копс/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска