1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Како да падна атомска бомба„

Билансот од синоќешниот напад кај северно-ирачкиот град Мосул засега гласи: најмалку 200 загинати и преку 300 повредени. Ова е еден од најтешките напади од влегувањето на американската армија во Ирак во 2003 гадина

default

Лесно се доаѓа до оружје, уште полесно се користи во ирачкиот хаос

Извршителите претвориле товарни камиони во возачки бомби.

Скоро во исто време извршителите се кренаа во воздух со цистерни и товарни камиони, во средиштето на густо населените станбени населби. Стотици луѓе во тој момент, во раната квечерина, беа по улиците. Се случи крвопролевање. Многу од куќите направени од плитар се урнаа, уништени беа голем број автомобили. „Наликуваше како да експлодира атомска бомба„ изјави еден ужаснат ирачки офицер.

Американската влада нападот го осуди како варварски чин. Како и порано и овојпат жртви беа цивили, сега главно припадници на малцинството Јасиди, религиозна група што во Ирак брои околу 600 илјади. Зошто извршителите како цел ги избрале токму нивните населби, засега не е познато, меѓутоа врз нив и порано беа извршувани напади. Во безвластието и хаосот во Ирак, малцинствата најчесто се без никаква заштита.

Непосредно по експлозиите, пристигнаа американски хеликоптери собирајќи ги повредените за да ги префрлат во болниците. Месните радија и телевизии повикаа на донирање крв.

Нападите се случија во време кога Соединетите Американски Држави и ирачката влада прават напори на меѓународната заедница да и пренесат слика за постепена стабилизација на земјата. Во наредните месеци во Вашингтон и Лондон треба да бидат презентира меѓубилансите на ирачката мисија. Американскиот амбасадор во Ирак, Крокер, и главниот командант Петреус кон средината на септември треба да го информираат Конгресот во Вашингтон, а во октомври новиот британски премиер Браун во Лондон ќе зборува за неговата политика кон Ирак.

Истовремено со експлозиите кај Мосул, една група вооружени лица го нападна комплексот згради во Багдад што му припаѓаат на минситерството за нафта и притоа ги грабнале заменикот-министер и 4 соработници. Според очевидците, напаѓачите носеле униформи на ирачката полиција.