1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

"Како да отидеш и да се снајдеш во странство” е новиот книжевен бестселер во Србија ?

Во последниве 12 до 13 години од Србија заминале преку 200 илјади и тоа најобразовани и најквалификувани млади луѓе , но политичката елита и натаму е глува за овој сериозен проблем .

Неодамна објавената книга “Како да отидеш и да се снајдеш во странство” е на најдобар пат да стане бестселер во Србија. Оваа книга преставува збир од практични упатства, кои се најзанимливи за големиот број млади луѓе кои како што велат последните анкети сакаат по секоја цена да заминат од земјата.

Авторот на книгата Марко Давидовиќ , кој по струка е економист , живеел определен период во странство работејќи разни работи.

Таа всушност преставува збир од практични упатства. Најнапред , за тоа како да се подготви заминувањето , значи кои документи се потребни за да се добие виза , работна и дозвола за престој. Потоа следуваат практичните совети по пристигнувањето , значи каде да се најде сместување и како да се бара работа.Тука се информациите и за тоа како да се бара азил и други корисни податоци за луѓето кои имаат намера да заминат во странство.

Оваа книга е особено барана меѓу младите , кои во се поголем број се одлучуваат да заминат од земјата. Тоа го потврдуваат и последните анкети , меѓу кои е онаа на Центарот за истражување на алтернативите , кој истражуваше меѓу младите од 16 до 35 години.

Повеќе од половината студенти во Србија запишуваат факултет затоа што сметаат дека со дипломата полесно ќе заминат во странство. Големиот одлив на млади луѓе од Србија во времето на Слободан Милошевиќ беше само за кратко запрен по демократските промени во 2000 година. Сега бегството на младината од Србија продолжува и судејќи според истражувањата има изгледи да стане уште поголемо.

Имено по завршувањето на образованието младите се соочуваат со големи проблеми како наоѓањето работа , стан и формирањето на семејството. Речиси три четвртини од младите остануваат да живеат со родителите , мал дел од нив имаат нормални услови да основаат семејство, а ретки се среќниците кои можат да размислуваат за професионално усовршување и напредување. Во студентската унија на Србија ги следат колегите кои по дипломирањето заминале во странство и велат дека тие тешко оти ќе се вратат , бидејќи не чуствуваат дека во Србија ќе имаат еден минимум на обезбедена егзистенција , ниту можност за натамошна научна работа и професионално напредување.

Истрражувачите констатираат дека кај младите е забележителен социјалниот цинизам , бекството во алкохолизам , згаденоста од политиката , ескапизам , феноменот на т.н продолжена младост , бидејќи општетството не им дозволува да пораснат.

А каков е одговорот на државата за проблемите на младите и се поочигледниот одлив на мозоци , бидејќи Србија најмногу ја напуштаат најобразованите и најквалификуваните?

Политичката елита во земјата или е рамнодушна спрема овој проблем или е толку преокупирана со борбата за власт , што не се обѕрнува на фактот дека со заминувањето на повеќе од 200 илјади најобразовани млади луѓе државата залудно потрошила преку 5 милијарди долари за нивното школување.

Но загубата не е само во тоа , туку е уште поголема ,со оглед дека нацијата го губи драгоцениот потенцијал за промени, што значи и за напредок, па ќе и остане во идниот развој само да каска зад другите држави и на странските вложувачи ќе им биде , евентуално, привлечна само поради ефтината а необразувана работна сила.

Судејќи според рамнодушноста на политичката елита , одливот на мозоци и тоа како и одговара. Таа на тој начин ја отстранува и реалната опасност за нејзината доминација , од страна на оние кои квалификувано и аргумантирано би можеле да извршат притисок врз политичката каста, па и да иницираат промени , кои сериозно би ја загрозиле самонаречената елита.