1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како да и се застане на патот на пиратеријата во Кина?

Кина не е под притисок само поради настаните на Тибет. Бизнис светот ја притиска многу поефикасно да настапи против пиратеријата на производи. Владата има намера засилено да се бори против фалсификувана стока.

default

Германски цариник со фалсификувани чевли од Кина

Чин Кси е пребирлива клиентка. Она што го купува 30-годишната адвокатка од Шангај, мора да биде врвна мода и сосема актуелно. Дали оригинал или фалсификат, тоа и е сеедно. Тоа важи и за филмовите. Чин Кси посебно ги сака сериите од американското адвокатско милје и за тоа плаќа околу 50 центи за копија:

„Кога одиш во конкретна продавница, знаеш дека купуваш копија. Меѓутоа, во легалните продавници воопшто не можеш да добиеш нови и добри филмови. Затоа тие продавници воопшто не ме интересираат. Често, дома ќе забележиш дека ефтините копии најчесто имаат беден квалитет. Меѓутоа, не можеш да пробаш, пред да ја купиш копијата. За мене тоа е О.К.„.

Копиите во безбројните продавници во Шангај потекнуваат од фалсификаторските работилници од јужно-кинеската провинција Гуангдонг. Во Холивуд некој нов филм одвај да се појавил во кината, а копир машините во Гуангдонг, во близина на Хонгконг, веќе вртат со полна пареа. Американската филмска индустрија врши жесток притисок врз Пекинг конечно да им стави крај на ваквите производи. Кинеските власти тоа го прават со големи рации. Како пред една година, кога полицијата во градот Гванжу влезе во работилнициа во која заплени милион и 800 илјади илегални цедеа, дивидија и цеде ромови. Комесарот Јианг беше присутен и потоа на кинеската телевизија зборуваше за успешната акција:

„Вистина бевме изненадени од големината на работилницата. Прво најдовме само 50 илајди цедеа, но кога разгледавме се’ наоколу, откривме 11 хали полни со фалсификувана стока„.

Оштетените мораат да вршат голема детективска работа, ако сакаат дејство од страна на кинеските власти. Ова искуство го има фирмата Фишер. Нејзните клинови и ленгери многу се копираат. Фирмата со седиште во Тајцинг, до Шангај, води големи акции за да им влезе во трагата на фалсификаторите и да ги изведе пред суд. На крајот фалсификаторите најчесто плаќаат само обесштетување во симболични износи. Шефот на Фишер, Кристоф Сингер, сепак е убеден дека тоа е вистинскиот начин:

„Сакам да кажам дека и симболичниот дел не треба да се потцени. Едноставно сакаме на пазарот да му покажеме дека нема да толерираме пиратерија и дека настапуваме против тоа. Се разбира, колку што е повисока казната, толку е поголемо и заплашувањето. И пресудата со името на фирмата„.

Оној што сака да ги копира производите на фирмата Фишер, може едноставно да се упати до првото градилиште и да си обезбеди оригинал. Копиите потоа наликуваат на оригиналите, чинат многу поефтино, но сигурно се полош квалитет што може да им предизвика големи проблеми на корисниците.

За да се заштити добриот глас и да не се загуби во прометот поради фалсификаторите, фирмата Фишер постојано војува за заштита на патентите на своите производи. За Кристоф Сингер нема алтернатива за патентите:

„Воопшто не е тешко да се купи ленгер и да се размонтира, за потоа да се копира. За тоа не е потребно да се гледа во упатствата на патентот, туку е довлно добро да се разгледа. Знаењето е во материјалот и во квалитетот на монтажата. Оттаму, патентот за нас е единствената шанса за заштита. Затоа мораме да пријавувме патенти за воопшто нешто да постигнеме„.