1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Како германските реки повторно станаа чисти?

Реките во земјата денес се омиленo место за одмор и екскурзии на Германците. Но само до пред неколку години многу реки важеа за мртви. Како беше возможно тие чуствителни екосистеми да бидат спасени?

Пред неколку години пред сѐ Елба важеше за кандидат за мртва река. Реката извира во Чешка, а се влева во Северното Море. До повторното обединување на Германија во 1990. година, Германската Демократска Република своите отпадни води ги отстрануваше непречистени во реката. Истражувачите за 1988. утврдија дека Елба во насока на морето транспортира вистински коктел од штетни материи: 16.000 тони азот, 10.000 тони фосфор, 23 тона жива и 3 тона од отровното хемиско соединение пентахлорофенол.

Рибите прекриени со чиреви

Биологот Фајт Хениг од Универзитетот во Хамбург ја опишува ситуацијата во текот на 80-тите: „Рибите имаа чиреви околу уста. Јагулите изгледаа одвратно, рибата лист беше прекриена со чиреви.“

Angeln an der Elbe

Повторно рибари на Елба


Но како можеше да се спаси реката? Со затворање на многу фабрики во ГДР, со воведување остри правила за заштита на животната средина и со пречистување на отпадните води, е спасена Елба и други германски реки, смета Хениг. Во меѓувреме на Елба повторно можат да се видат риболовци и капачи. Дури има и животни, на пример мали китови .
Китовите од Северното Море повторно можат да се видат во Елба, дури 200 пати случајно се забележани оваа година, вели Хениг. Китовите на пролет во потрага за храна го следат пленот. Откако вистински е подобрен квалитетот на водата во Елба, рибите се враќаат, а со нив и китовите, што претставува доказ за заздравување на реката.
Реките ги транспортираат релативно брзо отпадните материи в море. Со тоа реката до некаде се пречистува самата, при што отровните и штетни супстанци и натаму постојат во морето. И на речното дно исто така се задржуваат отровните супстанции.

Од поголемо кон помало

Штефан Кестер од Институтот за заштита на водите од Техничкиот универзитет Хамбург-Харбург вели: „Денес можеме да зборуваме за комплексни биолошки системи, кои меѓусебно добро се надополнуваат. Во меѓувреме при пречистување на водата е стандард хранливите материи да се елиминираат, се извлекува азотот, и целно се отстранува фосфорот.“
Се' се случува по принципот „од поголемо кон помало“.

Најпрво со механичко пречистување се извлекуваат поголемите предмети, а потоа ситните минерали како песокот. Тие можат натаму, на пример, да ја оштетат пумпата. Еден резервоар се грижи само растворени материи да бидат присутни во водата, на крајот малите помагачи како бактериите служат за разградување на јаглерод- диоксидот.

Реките веќе не се природни

Фајт Хениг вели дека на поголемите германски реки им недостасуваат многу работи за навистина да бидат природни: „Нема јагули, нема поплавени површини на кои е овозможен транспорт на талогот, а со тоа и враќање на чистата вода во реките.“
Човекот на реките им ја одзема можноста да се пречистуваат самите и затоа сега мора да помогне околу пречистување на водата.