1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како во иднина со земји како Либија

Kошмарот за бугарските медицински сестри заврши. Меѓутоа тоа не важи и за Европа и Германија, кои мора да си постават прашање, како во иднина треба да се однесуваат кон земјите како Либија. Коментар на Петер Филип

default

Осумгодишната голгота на петте бугарски медицински сестри и палестинскиот лекар конечно заврши. Осудените, најпрвин на смртна казна, а потоа на доживотен затвор, конечно ја напуштија Либија. Но дали аферата е навистина завршена? Во врска со недокажаните нешта би можело да се разјасни уште нешто. На пример, кој е соучесник во пронајденото решение или од каде се најдоа парите кои им беа исплатени на семејствата на настраданите деца.

Сепак, поитно е прашањето, како светот, а пред се ЕУ во иднина треба да се однесува кон ваквите земји. „Никој нема да не уценува„ често се слуша од устите на политичарите, кога станува збор за киднапирања во Авганистан или Ирак. Но Германија во случајот со Либија, дозволи да ја уценуваат. Битна разлика: Либија, за разлика од Германија е богата со нафта и природен гас. За да ги задоволи сопствените потреби за енергенси, западот, од Брисел до Вашингтон, е подготвен да заборави и прости. Само по себе добри особини, но не доколку се поврзани со себични интереси.

На Либија и е овозможено враќање во Меѓународната заедница, иако Триполи ништо битно не промени. Либија плати отштета за жртвите во авионската несреќа над Локерби и откупнина за ослободување на германските заложници. Сите овие работи северноафриканската земја повторно ја направија приемчива кај западните престолнини.

Меѓутоа, тоа што Либија сеуште не е земја во која владее слобода, се чини дека не го интересира никого. Таму не се почитуваат човековите права и слободата на мислењето, па зошто тоа би требало да биде пречка во последниот случај, кога тоа е игнорирано и во многу други. Токму спротивно, на Либија и се пружа помош за да ја затскрие сопствената негрижа пред своите граѓани. Парите кои им се исплатени на семејствата на децата заразени со вирусот на сида, веројатно дека доаѓаат повеќе од либиски отколку од европски џеб. Треба да се размисли за последиците на таквата политика. Сега конечно човек може да се радува што случајов доживеа крај. Па беше и крајно време.