1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Како банките „дебело“ заработуваат на своите муштерии

Банките во Германија на своите потрошувачи им пресметуваат превисоки камати за диспо-кредитите, дури до 14,7 проценти, констатира Штифтунг варентест, организација на потрошувачите.

Многу банки и штедилници во Германија, според истражувањето на Штифтунг варентест (организација на потрошувачите, која по налог на државата и финансирана со средства на даночните обврзници ги истражува и споредува производите и услугите на различни понудувачи, н.з.) на своите муштерии за влегување во „црвено салдо“ на нивните жиро сметки им пресметуваат затезни камати во двоцифрена вредност. Истражувањето спроведено меѓу 1538 банки покажало - финансиските институции моментно наплатуваат во просек камата од 11,31 процент, како што објавува Штифтунг варентест во актуелното издание на своето списание „Финанцтест“. Банките и штедилниците притоа кај Европската централна банка можат да се снабдат со пари по рекордно ниска каматна стапка од 0,5 проценти. Најголемите „дерачи“ меѓу банките во однос на диспо-каматите често се малите финансиски институти во провинцијата, кои често наплатуваат над 13 проценти диспо-камата. Рекордот го водат Рајфајзен Тауфкирхен-Обернојкирхен во Баварија и Фолксбанката Фелдатал во Хесен со по 14,75 насто камата.

Некои од банките се пример оти на клиентите можат да им бидат пресметувани помали камати за пречекорување на салдото на нивните сметки, на пример ФР банката Укермарк Рандов со 4,2 проценти. Многу банки и штедилници одбиле да ги соопштат актуелните диспо-камати, па соработниците на Штифтунг варентест морале да ги бараат на интернет страниците и на информативните таблоа на филијалите.