1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Каков претседател и‘ треба на Македонија?

Кои се главните вредности кои треба да ги поседуваат претседателските кандидати за да ги привлечат симпатиите на гласачите? Некои се успешни бизнисмени, други ги истакнуваат моралните вредности.

default

На врвната функција треба да застане човек со повеќе вредности

Ако се прави ранг листа на претседателските кандидати по стекнатото богатство и финансиската состојба, тогаш Имер Селмани и Љубе Бошковски се политичари кои воедно се и успешни бизнисмени. Поранешниот министер за внатрешни работи Бошковски располага со хотел на хрватскиот брег и со имот во Македонија. Со поголем имот во Скопје располага и екс-министерот за здравство Имер Селмани, кој има и успешна компанија. Тој смета дека во Македонија при изборот на претседател треба да бидат надминати етничките бариери.

Кандидати од т.н. граѓанска средина

Останатите претседателски кандидати, универзитетските професори, спаѓаат во редот на т.н. граѓанска средина, поседуваат комфорни станови или семејни куќи, стандардни автомобили и скромни девизни заштеди.

Идниот претседател на државата ќе мора јавно да ја соопшти својата имотна состојба и да ги презентира податоците пред Антикорупциската комисија.

Морални вредности

Gjorgji Ivanov Presidentschaftkandidaten der Partei VMRO DPMNE

Ѓорѓе Иванов, не сака да се менува

Засега, во предизборната кампања финансиската сотојба е во втор план, а се‘ повеќе се истакнува моралниот лик. Освен кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Ѓорѓе Иванов, другите не се обиделе да декларираат свои етички профили. Тој вели дека ќе остане таков каков што е, дека не му доликува да се менува и да застапува ставовови кои не доликуваат на универзитетски професор.

Кандидатот на СДСМ, професорот Љубомир Фрчкоски во јавноста се профилира како елитист, кој е љубител на скапи костуми, часовници, модерни очила, уметнички слики.

Ljubomir Frckoski

Љубомир Фрчкоски важи за елитист

Стабилност и углед

Експертската јавност се обидува да направи политички и морални критериуми за оценка на идните претседателски кандидати.

Универзитетскиот професор Јасна Котеска се изјасни во еден телевизиски настап за тоа каков профил би требало да има идниот претседател: тоа да биде човек со концепт и визија и доволна внатрешна стабилност.

Професорот Осман Кадриу сугерира дека кај секој од претендентите на претседателската функција угледот дома и надвор од земјата мора да базира на стабилни етички вредности. Од угледот кој тој ќе го има, зависи и угледот на Македонија.

Некои од претседателските кандидати веќе ангажираа домашни и странски стручњаци околу нивниот изглед, реториката, но и креирање и презентирање во јавноста на лик со вредности кои се привлечни за гласачите.