1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Какво влијание ќе има пресудата од Хаг?

Меѓународниот суд на правдата утре ( 05.12) ќе ја објави пресудата по тужбата на Македонија против Грција за прекршување на Привремената спогодба со блокадата на македонскиот прием во НАТО на Самитот во Букурешт.

default

Седиштето на Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Владината екипа на расправата во Хаг го применува правилото на тишина, но се тврди дека институциите во дветте земји не добиле никакви предходни вербално-пишани информации, во каква насока ќе биде одлуката за блокадата на Макдонија од страна на Грција, за што решаваат мегународните арбитри.

„ Меѓународниот суд за правда решава само за тоа дали постои повреда на член 11 од Времената спогодба, за време на самиото на НАТО во Букурешт. Никакво осврнување за спорот околу името и нема никакво барање од Македонија Судот да го реши. За него се преговара во рамките на ОН. Пресудата нема да влијае, на никаков начин, врз преговорите со Атина“, вели Тони Десковски универзитетски професор и еден од членовите на експертската екипа која ги образложуваше аргументите од македонската тужба.

Anhörung zum Namensstreit zwischen Mazedonien und Griechenland vor Internationalem Gerichtshof in Den Haag

Македонскиот тим пред судот во Хаг во март 2011 година

Не треба да се создава „нов налет на патриотизам“

И во дипломатскиот кор во Скопје целосен молк, дури и се избегнуваат јавните појавувања поради можните новинарски прашања. Исклучително резервирана беше Александра Кас Грање која изјави дека „ не треба да веруваме во ништо конкретно и треба да се сочека понеделник. Со нетрпение ја чекаме пресудата и се надеваме дека ќе има разрешување на проблемот со името“ изјави во Скопје директорката за проширување на ЕУ, која претстојуваше два дена во Македонија.

Властите не би требало да создаваат нов „ налет на патриотизам ако пресудата биде поволна за Македонија, ниту пак да се дефокусираат од дијалогот со Атина“, велат за ДВ дел од консултираните експерти по меѓународно право. „ Ако се констатира дека Атина ја прекршила Времената спогодба со ветото во Букурешт тогаш ќе се покаже исправноста на иницијаторите, во неа да се вградат правни механизми за заштита од меѓународна блокада што ја практикуваше Грција во изминативе две децении“. Таквата проценка оди на конто на властите од средината на деведесетите, велат експертите од Правен факултет кои сакаат да останат анонимни. 

Позитивна пресуда не значи и реализација на стратешките цели 

Mazedonien Denko Maleski Ehemaliger Außenminister

Денко Малески

Друг учесник на постапката пред Меѓународниот суд за правда сугерира дека и избалансирана пресуда, со која би се потврдело прекршувањето на Спогодбата од 1995-та година, но да не се навлегува во политичкото вето на Атина, треба да иницира дипломатска активност, а не антигрчко расположение.

„ Јас се надевам дека хашката пресуда ќе има влијание, зашто сега е потребна нова иницијатива за да се движи целата процедура за решавање на спорот за името. Во овој правец одлуката на хашкиот суд би била нешто ново и стимулативно за интензивирање на преговорите“, ни изјави неодмна Јоргос Папдакис, од една балканска невладина организација со седиште во Скопје.

Нема потреба да создаваме нов наплив на амбиент на поразени и победници. Крајниот успех ќе се мери дали се реализирани стратешките цели – членство ЕУ и НАТО, вели за ДВ Денко Малески универзитетски професор.

„ Тоа ќе биде критериумот како за оваа влада, така и за секоја наредна. При остварувањето на оваа цел има еден изговор дека Македонија прави се’, а некој не блокира и не попречува“.

Според Малески на Македонија и треба обединувачко јадро од политичките елити на власта и опозицијата што ќе имаат храброст пред граѓаните да ја бранат неопходноста од компромис со Грција.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски

DW.COM

Поврзана содржина