1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Какви шанси имаат независните кандидати на локалните избори?

Независните кандидати на локални избори се во сенка на партиските кандидати. Тие се жалат дека не можат да допрат до граѓаните и да го кажат нивниот концепт за развој на општините во Македонија.

default

Скопје

Во Скопје и скопските општини на овие локалани избори својот углед или рејтинг меѓу граѓаните или едноставно својата среќа ќе си ја испробаат и десетина независни кандидати. Тие овој пат ќе бидат во многу помал број од претходните неколку локални изборни циклуси. За жал, овој пат, тие имаат многу поскромни или поткастрени услови за медиумско претставување, што во многу нешто им ги отежнува кампањите. Многу потешко доаѓаат до граѓаните, многу потешко можат да ја претстават својата визија, идеја или програма за развој на општината во однос на партиите.

Независните кандидати имаат помали ресурси

По овие факти, се наметнува прашањето дали има иднина граѓанската иницијатива во Македонија во однос на партиските програми, кадри, машинерии и пари?

Mazedonien Wahlen 3

Избори

Професорот Јован Донев смета дека кандидатите за градоначалници на претстојните избори не можат така лесно да се ослободат од влијанието на матичната партија. Тој објаснува дека ова ќе биде гласање по политичка линија и затоа независните кандидати немаат некаква голема шанса. Многу тешко ќе им биде на незвисните кандидати, за тоа што гласачкото тело во Македонија во најголем дел е определено пред почетокот на кампањата, вели професорот, а пренесува неделникот „Глобус“.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, смета дека независните кандидати немаат доволно средства, материјални средства, луѓе, значи ресурси за водење сериозна кампања. Едноставно луѓето кои се ангажираат околу нив се премалку и се со помали ресурси од партиите, а тука е и помалото искуство во покривањето кампањи.

Оптимизам на кандидатите

Бранко Кочовски, консултант во повеќе европски проекти во Македонија во сферата на транспортот и авиосообраќајот, по вторпат ќе ја трча градоначалничката трка во општина Аеродром како независен кандидат со своја независна листа на советници. На минатите локални избори освои 4.620 глса и две советнички места во локалниот совет, а овој пат и покрај сите проблеми што ги има во кампањата смета на одличен резултат. Оптимизмот го должи на сознанието дека на граѓаните им е преку глава од црно-белиот партиски свет во Македонија и созреаното време на површина да излезат способните.

Слично е и мислењето на носителот на независната листа за општина Карпош Ранко Петровиќ, сопственик на популарното радио „Буба Мара“ од Скопје. „Ние се кандидираме за оваа независна листа за општина Капрош за да се слушне гласот на граѓаните и на ескпертската јавност бидејќи сметаме дека со многу политички одлуки и со нетранспаренто работење на општините ние сме загрозени,“ вели Петровиќ.

Независната кандидатка за градоначалник на оваа општина Мила Искреновиќ, која по вторпат ќе се се обиде да дојде до позицијата прв човек на општината смета дека на граѓаните треба да им се кажат вистинските информации на вистински начин, искрено, отворено и без лажење, што го има во изобилство на сите избори.