1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Какви се условите за бизнис во Македонија?

Македонија минатата година ја заврши со само 181 милион евра странски инвестиции. Експертите предупредуваат дека без ефикасни реформи пред се’ во судството и сузбивање на корупцијата, сликата не може да се промени.

default

Македонија не може да се надева на зголемен обем на странски инвестиции, доколку власта не го намали влијанието врз бизнисот и не се обезбеди вистински правен и бирократски амбиент, предупредуваат странските и домашни експерти. Фирмите се’ повеќе се жалат и бараат помош од претставниците на ЕУ, што според Брисел укажува на фактот дека проблемите се повторуваат односно системот има проблем: „За соодветно функционирање на пазарот, треба да се има предвидливост за решавање на конфликтите. Инвеститорите треба да знаат дека нивните права ќе бидат соодветно заштитени од страна на судовите. Потребни се дополнителни напори за подобрување на правниот

Mazedonien Land und Leute Energieversorgung

Австриската ЕВН во Македонија

систем и да се обезбедат гаранции дека тој ќе биде ефикасен“, вели Лукас Мелка од делегацијата на ЕУ.

Експертите предупредуваат дека не може да се очекуваат инвестиции во услови на висок степен на корупција, склучување на нетранспарентни договори без гаранции за нивно непречено спроведување. Слаѓана Тасева од Транспарентност нулта корупција вели дека условите не се сменети ниту по десет години. Побара од власта да не се меша во бизнисот. Сашо Ордановски од Транспарентност Македонија забележува дека фактот што владата не реагира на извештаите на ревизорите и невладиниот сектор доволно укажува зошто странските инвестиции се на ниско ниво.

Од бизнис секторот се жалат дека и покрај тврдењата на власта за подобрување на бизнис климата, условите стануваат се` потешки. Блерим Златку претседател на Стопанска комора на Северозападна Македонија вели дека посебен проблем се европските регулативи за чие ефикасно спроведување на фирмите им е потребно дополнително време.

Од Владата велат дека имале слух за бизнис заедницата и постојано се работело за подобрување на условите за водење бизнис. Министерот за правда Михајло Маневски изјави дека се преземале повеќе мерки за олеснување на казнената политика и укинување на повеќе прописи. Македонија минатата година ја заврши со само 181 милион евра странски инвестиции.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Александра Трјковска