1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Какви се ризиците по македонската економија од кризата во Грција?

Можните негативни ефекти од грчката криза врз македонската економија се ограничени и засега не се очекуваат. Напротив, бизнис заедницата се надева дека фирмите поради кризата во матичната земја ќе се селат на побезбедно.

default

Експертите предупредуваат, дека најзасеганти се малите грчки фирми кои имаат бизнис во Македонија. Тезата ја базираат на оценката, дека голем број компании ќе ги променат бизнис плановите за вложување во Македонија поради налетот на кризата во нивната матична земја.

Универзитетскиот професор Димитар Ефтимовски смета дека се на удар најмалите од стотиците грчки компании кои работат во банкарскиот, текстилниот, прехранбениот и други сектори во Македонија. „Полесните капацитети, за очекување е тие да станат мобилни, да го селат капиталот назад. Малите бизниси посебно во

Mazedonien Land und Leute Fabrik Nähbetrieb in Bitola

Текстилна индустрија

текстилната индустрија, каде што се вработени поголем број наши граѓани, многу е веројатно во идниот период да се очекуваат дисторзии на пазарот на труд“.

Со ваквата прогноза не се согласни луѓето од бизнис заедницата. Нивните очекувања се сосема спротивни. Дека кризата во Грција ќе ги поттикне тамошните фирми да го преселат бизнисот во соседството каде можат да се чуствуваат безбедно. Љубица Нури од Стопанската комора на Македонија вели: „Зошто би го вратиле во Грција, кога таму е неизвесно? Дефинитивно тие инвестиции ќе си останат тука, напротив ние можеме да очекуваме експанзија на грчките бизниси кон балканските земји“.

Силни релации во банкарскиот сектор

Освен инвестициите и трговијата, грчко-македонските економски релации се силни и во банкарскиот сектор. Гувернерот на Централната банка Димитар Богов вели дека

Dimitar Bogov Chef der Zentralbank in Mazedonien

Шефот на НБМ Димитар Богов

банките со грчки капитал, што се дел од македонскиот финансиски систем се во добра кондиција.

„Ниту Стопанска, ниту Алфа банка, не се потпираат на ликвидност од матичните банки, а ниту пак имаат можност да се изложуваат кон матичните банки, поради законските рестрикции, кои што постојат во Република Македонија. Тој минимум е десет проценти од сопствените средства, до кој лимит можат да се изложат кон матичните банки, меѓутоа ние го следиме внимателно“.

Според информациите на Дојче веле стопанските комори, кластерите и бизнис здруженијата, немаат сознание дека барем една фирма со грчки капитал го затворила или преселила бизнисот во Македонија поради кризата во Грција.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска