1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Какви се релациите на Вашингтон со НАТО и ЕУ?

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Брисел учествува на средбата на Советот на НАТО. Клинтон утре во Женева ќе има и директна средба со колегата по функција од Русија Сергеј Лавров.

default

САД и ЕУ

Стапувањето на должност на американскиот претседател Барак Обама, во јануари годинава беше проследено со воодушевување од европските политичари. Големите очекувања на Европејците ги изрази претседателот на Комисијата на ЕУ, Жозе Мануел Барозо. „Лично сметам дека изборот на Обама беше решавачка пресвртница за Америка. Сега тоа може да биде важна пресвртница и за светот“.

„Време е за нов почеток“

Што се однесува до НАТО, војната во Ирак ја подели алијансата и многу европски партнери отуѓи од САД. Но, и кај односите со Русија владата на претходниот претседател Џорџ Буш често пати заземаше поинакви позиции отколку важните европски сојузници од НАТО, кои беа за повеќе обѕири кон Москва.

Тие, како и руските претставници, со олеснување слушнаа што кажа новиот потпретседател на Соединетите Држави Џо Бајден, на Конференцијата за безбедност во февруари во Минхен: „Во изминатите години имаше опасно застранување во односите кон Русија и кон членовите на нашиот сојуз. Време е, ќе се послужам со зборовите на претседателот Обама, за нов почеток и за нова проценка на многу полиња, на кои можеме и треба да соработуваме со Русија“.

Позитивни сигнали

Deutschland Russland Außenminister Sergej Lawrow in Berlin

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Министерот за надворешни работи Хилари Клинтон, утре во Женева ќе се состане со колегата од Русија Сергеј Лавров. Веќе и самата средба, половина година по војната меѓу Русија и Грузија, зборува за нов почеток. Доколку Вашингтон и Москва изнајдат компромис кај темите противракетна одбрана и Иран, тоа би бил голем чекор во попуштањето на затегнатите односи.

Но, и Европската унија ќе ја пречека Клинтон со раширени раце. Комесарот за надворешни односи Бенита Фереро-Валднер искажа многу пофалби по правата официјална средба со Клинтон во Вашингтон. „Повторно треба да соработуваме во партнерство, повеќе отколку кога и да е досега. На мултилатерално ниво е многу важно да има навистина дух на соработка и јас веќе го гледам тој дух. Ние се слушаме меѓусебно, повеќе соработуваме. Многу сум израдувана по оваа прва средба“.

Блискоисточната политика - конкретен пример за дипломатската соработка меѓу Европа и Америка „Неизбежно е да се работи за постигнување решение со две држави. Тоа не значи дека нема да го почитуваме мислењето на другите, кое би било попинакво, но од моја и од перспектива на владата на Обама, времето не притиска на тоа“, рече Клинтон во Ерусалим. Тоа во целост е на линија на европските ставови. Но, и Џопрџ Буш ги застапуваше тие гледања, па скептиците затоа велат дека по зборовите мора да следуваат и дела на владата на Обама.