1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Какви се интересите на Франција во Мали?

Француските трупи имаат намера да употребат тенкови во судирот со исламистите. Франција интервенира по желба на владата во Бамако и со благослов на ОН. Критичарите обвинуваат дека Париз има неоколонијалистички цели.

Колку ќе трае воениот ангажман на Франција во Мали е нејасно. За да спречи радикално-исламистичките движења да напредуваат и натаму, регионот мора да биде стабилизиран долгорочно. Друштвото за загрозени народи затоа бара за таа цел да биде претставен реален план. „Зашто исламистите ќе ја применат својата стара техника и брзо ќе се повлечат за во планините потоа наново да се формираат“, објаснува референтот за Африка во Друштвото за загрозени народи, Улрих Делиус.

Официјално, Париз во преден план има безбедносно-политички интереси. Француската влада интервенцијата ја образлага со тоа дека сака навреме да спречи бунтовниците во Западна Африка да станат закана за Европа. „Франција

Französische Panzertruppen in Bamako

Безбедносно-политичките интереси на Франција се во преден план, тврдат експертите

стравува дека Мали ќе стане засолниште и место за обука на исламистички терористи, доколку таму се создаде исламистичка држава“, објаснува Катрин Солд од Германското друштво за надворешна политика. Освен тоа, поранешната колонијална сила Франција смета дека е изложена на ризик да стане цел на терористички напади. Од 2010 година, на пример, радикални исламисти во свои раце имаат четворица француски соработници на енергетскиот концерн Арева, а терористичката мрежа Ал Каеда сега се заканува со нови киднапирања и напади во Франција и врз околу 5 илјади француски државјани во Мали.

Нафта и уран

Но не се работи само за можните опасности од тероризмот. „Франција долгорочно има интерес да ископува земни богатства во зоната Сахел, особено нафта и уран, што нуклеарниот концерн Арева со децении го добива во соседен Нигер“, објаснува Катрин Солд. Сепак, политикологот Солд, потенцира дека при актуелната интервенција во преден план се безбедносно-политичките аспекти. Улрих Делус потсетува на францускиот напад врз Либија пред речиси две години: „По прашањето на Либија многу земји имаа свој интерес, особено во делот на нафтата. Во случајот на Мали е поинаку“, вели експертот за Африка и додава дека тука Париз во прва линија следи конкретни стратешки цели.

Ангажманот во Мали за Франција е „од по жица“: од една страна, тука се безбедносно-политичките и економските интереси, а од друга страна, постои опасност да се пружи неоколонијалистички впечаток. Франција сепак за овој ангажман има мандат на ОН. Освен тоа, „постои договор за одбрана меѓу Франција и Мали направен токму за вакви случаи“, нагласува Александер Штро од Германскиот институт за глобални студии. Франција значи реагира на барање на владата во Мали за да го запре напредувањето на бунтовниците во насока на главниот град.