1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Какви се балканските народи?

Филозофскиот факултет во Ниш спроведува истражување за стереотипите и предрасудите на народите на Балканот. Според студијата, едно од најраспространетите мислења меѓу нив е: „Ние сме жртви“.

default

Битола

Какви се луѓето, кои живеат на Балканот? Колку се склони кон судири, а колку подготвени на толеранција? Во која мерка се „зрели“ за меѓусебна и европска интеграција? На дел од овие енигми за трусниот Балкан треба да одговори истражувањето што го спроведува филозофскиот факултет од Ниш.

Граѓаните на Македонија, Бугарија и Србија имаат исти предрасуди, стереотипи и поглед на светот, покажуваат првичните резултати кои ги објавува агенцијата Макфакс.

Кој е виновен за конфликтите на Балканот?

Најраспространето мислење на Балканот е „Ние сме жртви“. Еден од заклучоците на истражувањето е дека виновни за судирите на Балканот од последните две децении, се големите сили или другите балкански народи. Македонските граѓани во анкетата на Дојче Веле не мислат така.

Според резултатите од истражувањето: „Мешањето на големите сили во односите на балканските земји е причина за избивање на судирите за 72 проценти од испитаниците во Македонија, 76 во Бугарија и дури 91 процент во Србија.“

Балканските народи не се самокритични

Истражувањето во значајна мерка ги претставува балканските народи како ксенофобични и воинствени. Негативната слика ја заокружува отсуството на самокритичност.

Професорката по социлогија на културите, Антоанела Петковска, се осврнува на некои од наодите што се однесуваат на Македонија и вели: „Симпатично за Македонците е што се појавуваат како релативно мирен народ, во однос на другите спомнати балкански народи. Меѓутоа јас не сум сигурна дека секогаш, дури и ние, ги користиме вистинските иснтрументи за да можеме тоа да го докажеме.“

Народите од трите држави не се сметаат за конфликтни. За мнозинството Македонци, најдестабилизирачки фактор на Балканот се Албанците и Грците, а најмирољубиви се Македонците и Србите. Според експертите вклучени во истражувањето, ваквите стереотипи ќе бидат дел од балканскиот менталитет и кога земјите ќе градат заедничка европска иднина.