1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Какви „појаси за спасување“ се потребни?

Во Питсбург почна Светскиот финансиски самит на Г20. Цел на средбата на најважните индустриски и земји во подем е реформа на финансиските пазари, за да се спречи повторување на драматична финансиска и економска криза.

default

Барак Обама со сопругата, домаќини на самитот

Два дена пред парламентарните избори во Германија, германската канцеларка Ангела Меркел во Питсбург е со својот министер за финансии Шеер Штајнбрик од Социјалдемократската партија.

„Питсбург ќе биде решавачки патоказ за тоа дали темата регулирање на финансиските пазари и натаму ќе остане централна тема. Затоа, за нас е тоа и најважната тема на оваа средба. Сметам дека сме на добар пат, но во секој момент може да се случи еланот да попушти. Затоа, ние од наша страна, ќе настојуваме тоа да не се случи“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Merkel bei Ankunft in Pittsburgh

Меркел при пристигнувањето

Стравување од неединственост

Јасно речено - канцеларката стравува од можно скршнување од патот на Британците и Американците. Велика Британија има проблем со строгите правила за финансиските пазари, што не е чудо: финансискиот сектор чини 10% од брутодомашниот производ во таа земја. А американскиот претседател Барак Обама, непосредно пред почетокот на самитот, во игра вклучи уште една тема за која треба да се разговаа - нерамнотежата во светската трговија. Како да се постигнат што поединствени стратегии за пораст во светот и дали дури е потребно да бидат воведени годишни цели за економски развој на одделни земји?

Германскиот министер за финансии, Пер Штајнбрик нема ништо против оваа тема, но става јасно до знаење...

„Би ме радувало ако темата нерамнотежа биде зафатена од страна на министрите за финансии, но тогаш треба да зборуваме особено за американските дефицити и огромниот увоз на капитал што од нив произлегува, а кој мора да се влева во САД за да ги покрие дефицитите.

Merkel und Steinbrück zu G 20 Gipfel

Ангела Меркел и Пеер Штајнбрик


На Обама му треба успех

Значи, судир не може да се исклучи, а тоа би можело да го загрози успехот на самитот. Успех, пак, на домаќинот Барак Обама му е потребен. Тој јасно рече дека се неопходни нови правила за финансиските пазари. Но, на Вол Стрит, каде курсевите на акциите растат и каде се бележи економско опоравување, расте отпорот кон преголемо регулирање. Јаз што во Питсбург мора да се премости.

Panorama G20 Gipfel in Pittsburgh USA 2009

Омилената тема на Германците и Французите - лимит за банкарските премии, во Питсбург нема шанси за успех. Но, може да се успее во тоа - ваквите премии да бидат условени од долгорочни успеси и на тој начин да се избегне досегашното дејствување во практиката на кракторочно и ризично работење. Но, тоа е само една од темите на дневен ред на средбата. Тука се наоѓа, на пример и прашањето колку голема смее да биде една банка, за да не се случи ако таа пропадне да го повлече надолу целиот систем и колкав сопствен капитал банката во иднина мора да задржи за да не му потпадне на искушението да влегува во ризични бизниси со позајмени пари.

Автор: Хенрик Беме/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска