1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Какви новитети беа презентирани на Ануга

На најголемиот светски саем за прехранбени продукти своите новитети ги прикажаа 6600 излагачи од 95 земји. Германската прехранбена индустрија доживува бум. Како изгледа иднината во оваа бранша?

default

Сината планета во форма на коцка мраз во женска усна со светло-црвен кармин. Мотото “Вкуси ја иднината” – можеше да се доживее на Ануга во Келн. Јасно е - иднината ќе биде глобализирана и заледена.

Оти, и според вкусот на храната светот сраснува на начин кој долго време не беше замислив. Секој вкус, кој може да се добие било каде во светот, може да биде произведен на некое друго место. На пазарот на прехранбени проидукти на индустриските земји денес одвај да има некаква незадоволена желба. Во 70-тите години на минатиот век манго, киви или артичок уште беа егзотични исклучоци на тезгите со овошје и зеленчук. Необичен микс, како артичок и леќа, замрзнат, може да се сервира на парти во било кој дел од светот.

Секој саем носи излишни лудории, на пример имитат на месо од ракчиња со вкус на чоколада, салама од антилопа или тесто што се јаде, продукт од германската сојузна покраина Хесен. Тоа е изум на Штефан Качмарек, татко на две девојчиња.

“Идејата беше да добијам тесто што ќе има многу добар вкус, ќе биде конзистентно како и обичното тесто и нема да нараснува и да ја менува бојата при печење. Воопшто немав намера комерцијално да го продавам, туку беше наменето да можат децата да си играат” – вели Качмарек.

И овој пример покажува дека храната само делумно е во функција на задоволување на гладот. Голем тренд во браншата во 2007-ма година се таканаречените велнес-производи. Сојузното здружение на Германската прехранбена индустрија ја престави студијата за продажните шанси на прехранбени средства кои на купувачите им ветуваат здравствени придобивки.

“Велфуд-продукти можат добро да се продаваат само ако купувачот има доверба во нив. Потребно е, значи, добро советување и информирање. Интересното од студијата е дека купувачот многу се потпира врз оцени од тестирања, врз наводите за материјалите содржани во производот и врз печатите за квалитет” – нагласи Сабине Ајхнер-Лизбоа , раководител на Здружението.

Чаеви за намалување на стресот, јогурти за намалување на нивото на холестерин или за блокирање на чувството за глад – палетата е се’ поширока. Прометот во таа бранша треба во наредните 4 години да се удвои.

Иднината е, значи, под знакот на изуми. Една фирма од Неапол, на пример, продава четирикратно концентрирана морска вода како зачин.