1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Какви видови студии постoјат во Германија?

Една од најтешките одлуки за младите е на кој факултет да го продолжат образованието и кон која област да ја насочат кариератa. Во Германија стојат на располагање околу 13.000 студиски програми.

default

Помош при изборот на студиите во Германија нуди Конференцијата на ректори, доброволно здружение на државни универзитети и други високообразовни институции признати на државно ниво. Тие ја изработуваат базата на податоци наречена Универзитетски компас (www.hochschulkompass.de), која факултетите самостојно ја ажурираат. Преку неа, идните студенти можат да пребаруваат меѓу т.н. основни и продолжителни студии.

Основни студии

За упис на основни студии потребна е диплома за завршено средно образование. За некои студиски програми потребен е и доказ за практична работа, а можно е да има и приемни испити, како на пример кај студиите од областа на уметноста. Основните студии водат кон стекнување диплома од циклусот бачелор и од старите програми за диплома, магистерски студии или државен испит во Германија.

Продолжителни студии

Овие студии се надоврзуваат на основните. Основен услов за нив е претходно стекната диплома за завршен прв циклус на високото образование: бачелор или титулата Meister во високото образование за стручно усовршување. Продолжителните студии се однесуваат за сите кандидати кои сакаат да ја подобрат својата академска квалификација и да се стекнат со звање од повисок степен.

Автор: Клаудија Унзелд / Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска