1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Какви артикли бараат љубителите на фудбалот?

Продажбата на артикли за навивaчите во минатата сезона им донесе на клубовите во Бундеслигата рекордна сума од вкупно преку 125 милиони евра. Тоа е двојно зголемување за последните десет години.

default

Годинава се очекува уште некој милион повеќе, оти секој вистински навивач има потреба од два дреса - еден за настапите на неговиот тим на домашен терен, друг за игрите на гости. А, еден дрес, вообичаено чини околу 80 евра! „Дресот покажува: навивач сум, штом го носам. Згора на тоа доаѓаат и шалови, капи - тоа се типични, најпрво барани нешта“, вели Шнек, портпарол на Борусија Дортмунд.

Deutschland Fußball Bundesliga Fan-Shop 1. FC Nürnberg

Фудбалски шоп

Но, барани се и шпилхозни за бебиња, или колекцијата од блузи и здолништа за дами, каква што нуди Борусија Дортмунд. „...оти расте интересирањето за фудбалот кај жените. Нивниот брoј на трибините од стадионите е се’ поголем“, вели Шнек.

Фудбалот во меѓувреме станува семеен настан. Следејќи го тој тренд, Борусија нуди и апарати за домаќинството со клупски симболи и бои. На пример, за 30 евра може да се купи тостер, кој на печеното лепче го отсликува логото на клубот. Понудата опфаќа дури и фрижидер во клупските бои.

Фантазијата во креацијата на сувенири за навивачите е речиси безгранична - само Борусија Дортмунд нуди 450 различни видови артикли, од чија продажба лани оствари приход од преку пет милиони евра. Повеќе постигнаа само Бајерн и Шалке.

Автор: Клаус Дојзе / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска