1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Каква улога ќе играат медиумите во изборната кампања?

Правилата за тоа како да се однесуваат медиумите во текот на изборната кампања за да не бидат злоупотребени во изборни цели ги донесува Советот за радиодифузија. Конечниот збор сепак треба да го каже ДИК.

default

Советот за радиодифузија расправа за правилникот за медиумско покривање на изборите пред и во текот на изборната кампања. По консултациите со Здружението на новинари и невладината организација „Мост“, која ќе ги набљудува изборите, Советот ќе ги прифати забелешките и сугестиите на граѓанскиот сектор и максимално ќе ги либерализира одредбите, кои кренаа прашина во политичките и медиумските кругови. Станува збор за два члена од правилникот, според кои се забранува учество на државни и општински функционери во дебатните емисии и употребата на тонски парчиња од настани, кои можат да бидат злоупотребени во изборни цели. Во текот на расправата, за Дојче Веле изјава даде Столе Наумов, член на Советот за радиодифузија.

„Дебатните емисии нема да бидат забранети за политички претставници и се бришат одредбите кои забрануваат тонски парчиња во вестите од псевдо настани како што се сечење ленти, одредби кои беа вметнати по барање на странските фактори кои ги следат изборите, а кои бараат да се намали колку што е можно повеќе злоупотребата на владини ресурси во изборни цели.“

Wahlen Mazedonien

Максимален баланс

Дефинирани се правила за медиумско покривање, кои максимално ќе го гарантираат балансот при известувањето, а притоа нема да задираат во уредувачката политика и негативно да влијаат врз креативноста на медиумските професионалци. Одредбите кои предизвикаа политичка бура ќе бидат остранети.

Најжестока беше реакцијата на владеачката партија. Новите правила се рестриктивни, ја гушат медиумската слобода и ќе овозможат присуство на телевизиските екрани само на претставници на опозицијата, критикуваше ВМРО ДМПНЕ. Дали Советот отстапи од намерата поради гласните реакции, Дојче Веле го праша членот на Советот Столе Наумов.

“Дај Боже сите закони во државата да се носат во една волку демократска процедура. За жал со ограничувања овозможуваме поголема слобода, звучи контрадикторно, но така стојат работите во Република Македонија.“

За правилникот што ќе го утврди Советот за радиодифузија виза треба да даде Државната изборна комисија, по што ќе биде утврдена финалната верзија.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Горан Чутаноски