1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Каква развојна помош е потребна?

Проблемот е стар колку и развојната помош: како на земјите во развој да им се помогне ефикасно и колку што е можно подобро? Организациите за развојна помош одамна го напуштија концептот дека е доволно да се стават на располагање повеќе пари. Развојот треба да виде одржлив и долгорочен – гласи консензусот. Се разбира дека за тоа се потребни и пари. Јерг Брунсман со подробности:

Развојна помош за Африка

Развојна помош за Африка

Во изминатите 60 години, како што проценуваат експертите, земјите што помагаат, за земјите во развој потрошија околу билион долари. Звучи како да е многу, но не е така. Ветувањата на богатите дека ќе одвојуваат 0,7 насто од нивниот брутонационален приход за сиромашните, досега не донесоа многу. Освен тоа, постојат колебања околу целите на развојната политика. Дали на луѓето од Африка вистина може да им се препорача да го следат патот на развиените земји за автомобилите и компјутерите да им станат секојдневје? Петра Пинцлер, новинарка во неделникот „Ди цајт„ и експерт за развојна политика:

„Кога сите би тргнале по нашиот развоен пат, тогаш е јасно дека нашава планета нема да излезе на крај, зашто и ние не сме начисто со нашиот развоен пат. Меѓутоа, не можеме и сите грешки што ние ги правиме да ги запреме и во земјите во развој. Тоа значи, најнапред да се развијат еколошки технологии што не можеме да им го препуштиме на Африканците зашто тие немаат можности, ниту пари за тоа. Ние мораме да бидеме примерот„.

Сепак, има цели за кои е согласна меѓународната заедница. Во милениумските цели на Обедиентите нации беше запишано до 2015 година да се преполови бројот луѓе кои дневно имаат на располагање само еден долар. Многумина експерти се скептични дали таа цел воопшто може да се постигне. Напротив, многумина политичари демонстративно се оптимисти. Како Хајдемари Вичорек Цојл, германската министерка за економска соработка и развој:

„Тоа е ветување. И ако светот е во состојба за оружје да одвои 1,1 билион долари за оружје, тогаш сигурно е во состојба да мобилизира средства за да ги оставри милениумските цели„.

Меѓутоа, дебата за милениумските цели покажа и дека е се потешко да се дебатира за целите на развојната политика. За ралика од времињата на студената војна, кога Исток и Запад во развојната политика работеа еден против друг, сега државите во најголемиот број се на иста страна. Тоа е добро, зашто за концептите и идеологиите решава поголема група држави. Таму пак, се судираат идеи и цели кои во теоријата имаат смисла, но во практиката развиваат погрешни очекувања. Како во земјите во развој, така и во индустриски развиените. Петра Пинцлер подвлекува:

„Не будиме надежи само кај земјите во развој, туку и меѓу нашето население. Секоја втора година им раскажуваме: ќе ја уништиме гладта, нема да дозволиме да умираат деца. Неколку години подоцна велиме: е, за жал, повторно не успеавме„.