1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Каква либерализација на строгиот закон против пушењето?

Во македонскиот парламент се води дебата околу измените на законот за заштита од пушењето. Туристичко-угостителската комора на Македонија соопшти дека 90 проценти од угостителските објекти регистрирале пад на прометот.

default

Пушачите во Македонија со нетрпение го очекуваат први март. Овој датум треба да донесе полиберален закон против пушењето - уживањето во цигари ќе биде дозволено на летните тераси и на отворено. Тоа е предвидено во измените што ги предлага владеачкото мнозинство.

Опозицијата предлага полиберална верзија на законот

Во истовреме група пратеници од опозицијата предлагаат уште полибарлна верзија. Еден од нив е поранешниот премиер Владо Бучковски. „Нема потреба ние да бидеме поголем католик од папата,“ смета тој.

Totales Rauchverbot in englischen Pubs und Clubs

Во парламентот почна расправата за законот што стапи на сила на 1 јануари 2010 и предизвика бројни реакции. Нацијата се подели на пушачи и непушачи. Политичарите без разлика на која од овие две групи и припаѓаат мораат да ги бранат партиските ставови. „Младите ги имитираат возрасните и затоа Македонија е втора во Европа по бројот на испушени цигари по глава на жител“, вели Миле Пачемски лекар од Берово, пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

Urteilsverkündzung zu Raucherprozess erwartet

Неговиот колега од опозицијата Ѓорѓи Оровчанец возврати: „Ова не е закон против пушење, ова е закон за ограничување на основите човекови права и слободи.“

Пад на приходот на угостителите

Со податоци за последиците од целосната забрана за пушење се огласија угостителите. Сопствениците на кафулиња напаравиле истражување, според кое 90 проценти од објектите во јануари годинава имаат пад на приходот во однос на истиот месец лани. Станува извесно дека целосната забрана за пушење ќе биде укината и новите правила

Wahlen Mazedonien Premierminister Vlado Buckovski

Владо Бучковски

нема да бидат толку рестриктивни. Власта досега не понуди анализа какви се ефектите од досегашната забрана. Дојче веле го праша пратеникот Бучковски, дали мисли на своите деца, кога се бори за либерален закон што дозволува пушење? „Ова сега е поголем проблем за моите деца. Наместо да одам во кафеана со моите пријатели и таму да пушам јас останува дома, доаѓаат гости и пушиме пред децата. Децата треба да ги заштитиме со кампања бидејќи и јас не сакам моите четири сина да бидат пушачи кога ќе пораснат.“

Од први јануари Македонија доби закон што ја вброи меѓу земјите со најстроги правила во Европа во однос на пушењето.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска