1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Каква е состојбата во радиодифузната дејност во Македонија?

Македонскиот парламент интервенира во Законот за радиодифузија, во делот што го регулира функционирањето на јавниот сервис. Но, европските норми бараат и други промени.

default

На македонскиот етер му е неопходна итна и целосна примена на правилата утврдени во постоечкиот Закон за радиодифузија и истовремено прилагодување на новите европски директиви. Советот за радиодифузија иницираше измени во Законот што предвидуваат покрупни новини во медумскиот бизнис. Предвидена е одредба која треба да направи разграничување на политиката со медиумската дејност. „Сметаме дека треба да направиме дистинкција меѓу политиката и медиумите. Имаме случаи во Македонија кога лица кои се на раководни функции во политички партии се и сопственици на медиуми. Не може да се остане настрана од политиката ако сте директно инволвирани во неа, а тоа влијае врз независноста на медиумите што најмногу се потенцира за време на избори, но и во периодот меѓу два изборни циклуса“, објаснува за Дојче веле, претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефановски.

Потребно е ново усогласување со европските регулативи

Mazedonische Zeitungen am Kiosk in Skopje

Скопје

Според Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми, македонските медиуми во овој период функционираат според застарен закон, на кој му е неоходен комплетен ремонт. „Постојниот закон е усогласен со европските норми што важеа до пред година и половина, две. Потребно е усогласување со новата директива пред се’ заради новите типови на сервиси, се случија технолошки промени кои треба да се стават во легална рамка. Со години се зборува дека законот треба да претрпи промена во оваа смисла. Но досега неколку пати почнува процедура за измена на законот и запирала. Топката е комплетно во рацете на Министерството за транспорт и врски“.

Измени за Законот за радиодифузија во собраниска процедура

Во собраниска процедура влегоа измените во Законот за радиодифузија што се однесуваат на работата на јавниот сервис. По препорака на Брисел е утврдена одредба што ќе ја заштити државната радиотелевизија од пропаѓање. Законот се ослободува од можноста МРТВ да падне во стечај, со што се смета дека ќе биде зајакната самостојноста на јавниот сервис.

Radio Skopje

Актуелната состојбата во радиодифузната дејност во Македонија не е многу поволна оценуваат познавачите, a беше критикувана и од страна на Европската комисија. Со оценките на Брисел се согласува и Стефановски. „Оценките се дека постои медиумска концентрација, дека власта влијае и врши притисок врз медиумите, финансиски и на друг начин“.

Приватните медиуми бараат поголема отчетност од регулаторните тела, државната радиотелевизија модел што ќе и овозможи сигурен извор на финансирање, на Советот за радиодифузија му се потребни поголеми ингеренции, а на телекомуникациските компании либерализација на пазарот за да можат да емитуваат телевизиска програма.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска