1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Каиро: Невладините пред суд

Судскиот процес против 43-ца вработени во странски невладини организации во Египет, денеска е отворен и одложен за 26 април. Меѓу обвинетите се и двајца соработници на германската фондација „Конрад Аденауер“.

Вработените во невладините организации се обвинети за некоректна регистрација на нивните фондации и илегално внесување пари во Египет. Меѓу обвинетите се 19-мина вработени во американски организации и двајца вработени во фондацијата „Конрад Аденауер“, од кои еден е шеф на канцеларијата во Каиро.

Во декември 2011 година беше направен претрес на канцелариите на вкупно 17 странски невладини организации во Египет и беа запленети компјутери и документи. За позадината на претресот и судскиот процес против вработените во странските НВО и фондации има голем број шпекулации. Американскиот сенатор Линдзи Греам, кој беше дел од петчлената делегација што ја

Konrad-Adenauer-Stiftung in Kairo Ägypten

Претрес во просториите на НВО е направен во декември

предводеше американскиот сенатор Џон Меккејн, а која беше во посета на Каиро во понеделникот (20.02), смета дека постапката на судството во Египет е политички мотивирана. „Мислам дека лицето што сето тоа го предложило има агенда која не е од помош“, рече Греам. Неговата изјава беше најверојатно насочена кон Фаиса Абул Нага, министерка за меѓународна соработка во Египет, која е еден од ретките членови на владата која била на функција и во времето на претседателот Хосни Мубарак.

Критичарите на процесот претпоставуваат дека целта на постапката е да се прекине поддршката за египетските групи кои на граѓаните им ги објаснуваат нивните права во една демократија. Воената влада сака да ја замолчи опозицијата. Штефан Рол, кој во фондацијата Наука и Политика во Берлин се занимава со Египет, оценува дека фактот што Воениот совет не се изјасни јавно ЗА фондациите, е знак дека раководството стои зад процесот. На тој начин,

Ägypten Polizei durchsucht NGO Gebäude

Дали целта на процесот е да се каже - до овде и не понатаму?

според негово мислење, треба да се создаде расположение против странство. Треба да се напомене и дека министерката Абул Нага, како близок сојузник на Мубарак, се бори за своето политичко преживување.

Кристијан Волф од одделот Политика и историја на Блискиот исток на Институтот за политички науки на универзитетот Ерланген-Нирнберг, гледа два можни мотива за процесот: „Прво, можно е армијата да има интерес да покаже каде е црвената лкинија во Египет. Во моментов во Египет не е етаблирана вистинска демократија. Војската и старите елити се де факто се‘ уште на власт и тие на светот сакаат едноставно да му кажат - до овде и не понатаму!“ Второ, според Волф, можно е и „во политичкиот систем во моментов да има толку различни групи на интереси, што проблематиката на НВО се губи и никој во државното раководство не знае навистина како да постапува со нив“.

Германската влада бара запирање на судскиот процес

Гераманската канцеларка Ангела Меркел минатата недела побара запирање на судскиот процес. Нејзиниот портпарол Штефен Зајберт изјави: „Мора да се обезбеди непречена работа на странските НВО во Египет за да се поддржи општествениот развој во земјата“. Во меѓувреме, германската амбасада во Каиро ги отфрли извештаите на весникот „Ал Ахрам“ близок до египетската влада, според кои вработени во фондацијата „Конрад Аденауер“ во Каиро добивале упатства од канцеларијата на оваа фондација во Израел. Претставник на амбасадата дополни и дека вработените во претставништвото на „Конрад Аденауер“ во Каиро ниту носеле илегално пари во земјата, ниту пак пишувале „тајни извештаи“.

Автор: Марко Милер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски