1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Казна за перонистите

На изборите за Конгресот во Аргентина, претседателот Кристина Кирхнер е казнета од страна на избирачите - перонистичката партија на Кирхнер загуби на изборите за двата дома на Конгресот.

default

Кирхнер ги разочара гласачите

Карневал кај конзервативците. Со рок музика и политички пародии, конзервативната „Унија про“ ја слави својата веројатна победа. Во провинцијата Буенос Аирес, во која се регистрирани речиси 40% од аргентинските избирачи, нивниот кандидат Франциско де Нарваез го потисна на втората позиција поранешниот претседател Нестор Кирхнер. Франциско Де Нарваез во своето обраќање порача: „Повеќепати во текот на кампањата реков дека ако

Wahlen in Argentinien 2009

Франциско де Нарваез

не се поделиме меѓусебно, тогаш еден ден ќе ја промениме историјата. Овој ден денеска дојде. Вечерва го завртевме листот на историјата во Аргентина за да почнеме нова епоха и нова иднина за секој Аргентинец.“

Горчлив пораз

Според првичните официјални резултати, на перонистичката партија на Кирхнер „Фронт за победа“ и‘ се заканува горчлив пораз. Партијата, во главниот град Буенос Аирес, е дури на четвртото место, а казнета е и во другите провинции во земјата - дури и во Санта Круз, од каде што потекнува Кирхнер и каде досега беше неприкосновена.

Политичкиот камп на Кирхнер веројатно ќе го загуби, досега убедливото, мнозинство во Парламентот, а можеби и во Сенатот. На претседателката на Аргентина Кристина Кирхнер и‘ претстојат тешки времиња. Росендо Фрага, директор на Институтот за истражување на јавното мислење „Нуева Мајориа“, оценува: „Владата ќе биде послаба, таа ќе преговара, ќе склучува компромиси и ќе

Wahlen in Argentinien 2009

Кристина Кирхнер

мора да ја дели власта. Но, прашање е дали тоа ќе го прави, зашто кирхнеризмот е повеќе проблем на личноста отколку на идеологијата, кој носи белег на силно, единствено лидерство, кое одвај дека е подготвено на дијалог и воопшто не беше подготвено на тоа да ја дели власта.“

Два блока еднакви по јачина

Со поразот на Кирхнер се исцртуваат два, отприлика еднакви по јачина, опозициони блока - конзервативниот блок на градоначалникот на Буенос Аирес Маурисио Макри и граѓанско-социјалниот сојуз, кој е повеќе лево ориентиран.

Изборите одржани вчера, важат како тест на расположението за наредните претседателски избори. Врз основа на резултатите, како можни кандидати, покрај Маурисио Макри, се исцртуваат и поранешниот возач на Формула 1, перонист и противник на блокот на Кирнер, Карлос Ројтеман и потпретседателот на земјата Хулио Кобос, кој во меѓувреме е позициониран контра Кристина Кирхнер.


Автор: Готфрид Штајн / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска