1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Казахстан меѓу власта и нафтата

Казахстан: на север со своите 2,7 милиони квадратни километри граничи со Сибир, на југ со Узбекистан и Киргизија, на запад излегува на Каспиското море и на исток со Монголија. Држава двојно поголема од Шпанија, Франција и Германија заедно, со степи, пустини и планини, во многу делови ненаселена, во други подрачја со бескрајна убавина на пејсажот.

Назарбаев и Шредер во Алмати

Назарбаев и Шредер во Алмати

На Казахстан економски му оди добро. Откако цената на нафтата постојано се качува нагоре, државата се чувствува одлично. Полни кафулиња, светлечки реклами, многу нови банки и хотели како доказ за полетната атсмофера во Алмати, поранешната Алма Ата. По улиците можат да се видат добро облечени бизнисмени, како и елегантни дами кои одат во шопинг со луксузни автомобили. За новиот економски бум Казахстан може да им заблагодари на големите резерви гас и нафта, на светската листа на нафтаџиите се наоѓа меѓу првите десет. Сепак, големото мнозинство Казаци живеат од земјата и во горчлива сиромаштија, но со надеж дека и таму ќе дојде до пораст, посебно кај одговорните во политиката:

“80 насто од казахстанските фирми денес се приватизирани, 75 насто од вработените работат во нив. Презедовме голема приватизација. Нашето стопанство е отворено за сите. Ќе го приватизираме и земјоделството. Но, мораме да надминеме уште многу тешкотии. Мораме да ја совладаме невработеноста и да го зголемиме животниот стандард на населението".

Така вели претседателот на државата Нурсултан Назарбаев. Нему му успеа да се оттргне од големите проблеми. На прво место треба да се спомне затруеното Аралско езеро, една од најголемите еколошки катастрофи во последниов век. Поради многуте стартови на ракети од космодромот Бајконур, многу делови на земјата се загадени. Сепак Бајконур се смета за успех. За време на минатиот викенд оттаму полета нов екипаж со ракетата Сојуз кон вселенската станица ИЕСЕС за да се промени тимот. Слетувањето во степата заврши подмачкано. Место за проблемите, претседателот Назарбаев зборува повеќе за новите нафтени резреви под Каспиското море кои можат да се вбројат меѓу најголемите во светот. Американците и Британците одамна инвестираат, за нафтоводи и за амбициозни планови се уште се дебатира во Алмати. Меѓутоа, претседателот Назарбајев за главен град на државата го избра Астана, сместен во студениот север:

“Астана е мојата гордост. Сакам до видам градот како евроазиски. Мора да започне да се развива и веќе ништо да не го запре“.

Што не е баш точно. Астана е само несакана тврдина за управување. Веќе во ноември температурата може да падне до минус 40, додека во Алмати изнесува околу нулата. Сонот на претседателот покажува колу е оддалечен од својот народ. Додека Казахстан кон средината на 90-сеттите години важеше за до некаде демократска земја, Назарбаев воспостави дикататура. Опозицијата е брутално следена, застапниците за човекови права затворени, критичарите замолчени. ОБСЕ последните одржани избори ги оцени како недемократски. Медиумите се контролирани, слободен печат одвај да има. Назарбаев во 1999 година си обезбеди мандат од седум години. Во 2006 би морал да ја напушти функцијата, но веројатно ќе го промени уставот што посматрачите го сметаат за многу можно. Нафта и власт...