1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кажи ми едноставно Ти!

Кога на германски се обраќате со „Ти“, а кога со „Вие“? Порано се сметаше дека со непознати не можеш да си на „Ти“. Денес конвенциите се поблаги, но тоа не значи дека стана поедноставно, напротив.

Добрите манири во Германија имаат име: Барон Адолф Книге. На крајот на 18. век тој напиша дело кое го наслови „За односот со луѓе“. Заблуда е, но до денес постои убедувањето дека книгата на Книге е советник за добро однесување.

Adolph Freiherr Knigge

Баронот Адолф Книге се смета за основоположник на формите на општење во Германија

Тоа е недоразбирање, оти списите на Книге се повеќе социолошка расправа. Сепак, до денес Книге важи за Институција за добрите форми на однесување.

Ханс-Михаел Клајн е претседател на Германското Книге-здружение. Тој одржува семинари за формите на однесување, во кои разбирливо е содржана и коректната употреба на формалното Вие и блиското Ти.

Стручњакот разликува во основа две области: „За двете важат комплетно различни правила: во приватниот живот секогаш постариот му нуди на помладиот да општат на Ти - се‘ едно дали се работи за маж или жена“. Во професионалниот живот староста не игра улога, туку позицијата во хиерархијата на претпријатието, појаснува Клајн:

Bildergalerie Business Winter Knigge Händeschütteln Team

Во професионалниот живот одлучувачка е хиерархијата во фирмата

„Според тоа, секогаш шефот или шефицата мора да му ја понуди формата Ти на вработениот - се‘ едно кој е постар, а кој помлад. Доколку се на исто рамниште, на пример двајца раководители на оддели, тогаш колегата кој е подолго во фирмата нуди да се премине на форма на општење Ти“, појаснува Клајн. Звучи логично и едноставно.

Обраќањето е огледало на општеството

Конвенциите за обраќање подлежат на промени, појаснува Холгер Клате, портпарол на Здружението за германски јазик: „Формата на обраќање беше и е постојано израз на едно општество кое се менува и динамиката во рамките на една група, кон која се чувствува дека се припаѓа“. Со тоа формите на обраќање се огледало на општеството.

Deutschland Geschichte Wirtschaftswunder Familie mit VW am See

Во 60-тите во Германија формата Ти се користеше во фамилијата и меѓу најблиските пријатели

Промени во формите на обраќање, имено, се документирани уште во средниот век. „Тогаш на лицата со висока позиција им се обраќаше со ’Вие’, односно второ лице множина“, вели Клете. Подоцна, во социјалниот поредок на лицата на повисока позиција им се обраќаше во трето лице еднина „Тој“ или „Таа“. „Дали господинот добро се одмори?“. Во поранешното ново време во мода дојде апсолутизмот, кога монархот имаше право на сеопфатна моќ. За да го нагласи ова нему требаше да му се обраќаат со т.н. „pluralis majestatis“, односно со „Тој“ или „Таа“ во комбинација со трето лице множина. „Дали Ваше височество добро се одморивте? Посакува ли Тој утринско капење?“

Формата Ти денес

IKEA Logo

Во Скандинавија консеквентно се користи Ти, па и во рекламите

Денес односот со формата Ти е многу послободен отколку порано. Особено динамична е формата Ти во рекламите: маркетинг експертите, кои по природата на нештата го сакаат најдоброто за своите муштерии, не препуштаат ништо на случајот, што значи не е случаен ниту изборот на форми на обраќање. Кај рекламите за скап производ се вели повеќе: „Направете пробно возење“, „Дозволете си велнес-викенд“ или „Уживајте во богатото бифе“.

Една позната шведска фирма за мебел напротив своите производи ги рекламира на следниот начин: „Живуркаш уште или веќе живееш?“ Овде Ти сигнализира на поврзаност, припадност кон заедницата која е пријатна.

Symbolbild Polizei

Службените лица подобро е да се персираат!

Но, формата Ти може да биде и навредлива, бидејќи може да укажува на непочитување. Кога телевизискиот водител Дитер Болен пред неколку години на полицаец му се обрати со Ти, случајот заврши пред суд. Во негова одбрана Болен наведе дека обраќањетоо на Ти е негова нормална форма на општење. Судот ја следеше оваа аргументација. Добро за Болен, оти инаку ќе мораше да плати 500 евра, што сигурно ќе можеше да ги преболи.

Внимание: стапица

Вистинските стапици меѓутоа не се кај персирањето само по себе или при употребата на формата на обраќање Ти, туку кај преминот од Вие на Ти. Експертот за обраќање Клајн отсликува за ова пример.

Manieren in der deutschen Arbeitswelt Flash-Galerie Sektempfang

По службената забава треба да се сочека како шефот ќе реагира на првиот работен ден

На една опуштена, весела службена забава шефот ја нуди формата Ти. Но, како ќе биде на следниот работен ден? Дали претпоставениот ќе се придржува до понудата? Ќе се сеќава ли воопшто на тоа? Ханс-Михаел Клајн советува: „Најдобро е да се избегнува директно обраќање и да се употрeби безлично обраќање. На пример: ’Денеска нели сакавме да разговараме за темата XY?’“. Во секој случај соработникот мора да сочека, како ќе реагира шефот. „Апсолутно табу е да го потсетите претпоставениот на понудата за користење на формата Ти“, вели Клајн.

Ханс-Михаел Клајн за учесниците на своите семинари за однесување секогаш има едно златно правило „Секогаш реагирајте адекватно“. Значи, никако да се западне во непријатна ситуација! Ова правило на однесување е универзално, лесно се памети и важи не само за употребата на Ти-формата на обраќање.