1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Кадрицке: заканите на Грција треба да се сфатат сериозно

*

Заканата на грчкиот премиер Костас Караманлис со вето за приемот на Македонија во НАТО и ЕУ ако не се реши спорот со името, треба да се сфати сериозно, оценува публицистот Нилс Кадрицке во интервју за Дојче Веле. На долг рок може да се очекува Грција да се помири со името на северниот сосед, но во наредните три-четири години не гледа шанси за прием на Македонија во овие организации, без решение кое ќе ги почитува и грчките ставови.