1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кадиров тврди дека рускиот државен непријател број 1 е мртов

Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров денеска (17.01) соопшти дека е сигурен 99,9 проценти оти водачот на исламистичките бунтовници Доку Умаров е мртов и дека не претставува закана за одржувањето на ЗОИ во Сочи.

Иако руските бебзедносни служби не ја потврдуваат информацијата, чеченскиот претседател Рамзан Кадиров неколку пати за 24 часа повторува дека рускиот државен непријател број 1 - Доку Умаров, е мртов.

„Сигурни сме 99,9 проценти. Уште порано имам изјавено дека е мртов, но сега имаме снимка од разговорите на идните ‘емири‘ кои зборуваат за неговата смрт и за нов емир“, наведува Кадиров во соопштение објавено на интернет страницата на чеченската влада. Со тоа, според Кадиров, „сите тврдења за закани по Олимписките игри во Сочи се целосно неосновани“.

Неименуван извор од руските тајни служби,како што пренесе агенцијата Интерфакс, изјави дека не може да ја потврди смртта на Умаров (на фотографијата). „Ние не можеме да потврдиме дека Доку Умаров е убиен. Немаме таква информација“, вели изворот во изјава за агенцијата.

„Емирот од Кавказот“ и водач на чеченските бунтовници Доку Умаров во повеќе наврати досега е прогласуван за мртов, но потврда за информациите нема. Тој во видео порака снимена во шума и објавена во јули 2013 година се колне дека „со сите средства ќе го спречи“ одржувањето на Зимските олимписки игри во Сочи, кои почнуваат на 7 февруари.