1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кадима ја напушти владејачката коалиција во Израел

Во спорот околу реформата на воената служба, партијата Кадима одлучи да ја напушти владата на национално единство во Израел. Набљудувачите предвидуваат дека на Израел му претстојат предвремени избори.

Центристичката израелска партија Кадима ја напушта владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради неуспехот да се постигне договор во рамките на владата за намерата ортодоксните Евреи да бидат задолжени да служат во армијата. Предлозите на премиерот Бенјамин Нетанјаху, според кои ултра-ортодоксните Евреи ќе можат да бидат повикани на отслужување на воениот рок дури по навршени 23 години, за Кадима не беа доволни.

Партијата бара обврската за служење во армијата да важи за сите длабоко религиозни Евреи исто како и за останатите граѓани на Израел и тоа од 18-та година од животот.

Ултра-ортодоксните Евреи се ослободени од служење на воен рок од основањето на израелската држава во 1948 година. Врховниот суд на Израел меѓутоа во февруари донесе историска пресуда во која се изјасни против ваквото ослободување.

Одлуката Кадима да се повлече веројатно нема да доведе до распаѓање на Владата. Владата на Нетанјаху и без пратениците на Кадима и натаму има тесно мнозинство во израелскиот парламент - Кнесетот.

Партијата Кадима се присоедини кон владејачката коалиција пред два месеца токму со цел да се стави крај на десетгодишната практика ултра-ортодоксните Евреи и израелските Арапи да бидат ослободувани од воена служба. Набљудувачите проценуваат дека сега на Израел му претстојат предвремени избори.