1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Каде ќе заминат титулите на Армстронг?

Американската анти-допинг агенција УСАДА му ги одзеде на Ленс Амрстронг сите седум титули на Тур Д‘ Франс, но право на тоа има всушност само светскиот велосипедски сојуз УЦИ, а тој соопшти дека ќе почека.

Американската анти-допинг агенција УСАДA најави поништување на сите резултати на Ленс Армстронг од 1998. година досега, но со тоа практично ги пречекори сопствените овластувања. Поништување на победите на Тур Д-Франс не е во надлежност на УСАДА, дури ниту во надлежност на организаторот на велосипедската тура - АСО. Тоа го докажа и случајот Бјарне Риис. По неговото признание дека се допингувал во 2007. година, организаторот на Тур Д‘ Франс му го поништи триумфот на Данецот од 1996. година. Потоа интервенираше Светскиот велосипедски сојуз УЦИ и соопшти дека титулата не може да биде одземена, поради тоа што случајот е застарен, односно постар е од осум години. Ова правило го има и во кодот на Светската анти-допинг агенција ВАДА. Во случајот на Армстронг УЦИ соопшти дека прво ќе се провери прецизно образложението на УСАДА, па ќе се донесе одлука.

Дали Јан Улрих, кој во 2000., 2001. и 2003. година, како и Андреас Кледен, кој беше зад Армстронг во 2004. година, можа да се надеваат сега на неговите титули? Тоа зависи од одлуката за тоа кои титули на Армстронг ќе бидат одземени. Теоретски Улрих и Кледен имаат шанси, но и против двајцата се водеше истрага за допинг. До процес не дојде, затоа што и двајцата донираа одреден износ пари во добротворни цели. „Јас ја завршив мојата професионална кариера и секогаш велев дека се гордеам со моите втори места“, изјави Улрих за агенцијата ДПА. Тој, како што тврди, не е заинтересиран за титулите, кои можеби би ги добил во случај да му бидат одземени на Армстронг.