1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Каде ќе биде израчен Караџиќ

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ ќе биде израчен во холандскиот град Ден Хаaг. Таму има цела редица судови за воени злосторства со различни надлежности.

default

Трибуналот за воени злосторства во бивша Југославија во Ден Хаг

Кога се работи за казнувањето на воени злосторства, во меѓувреме постои вистинска збрка. Ден Хаaг стана официјален главен град на меѓународната правда: таму постојат три суда во кои помалку или повеќе учествуваат ОН.

Најстариот е Меѓународниот суд, кратко ИГХ од 1946 година. Овде се регулираат споровите меѓу различни држави. Минатите години во овој суд на пример беше разгледувана жалбата на Босна и Хрватска против Србија за почеток на агресорска војна.

Трибунал за воени злосторста во бивша Југославија

Но, одделните лица како Радован Караџиќ се изведувани пред Трибуналот за воени злосторства за поранешна Југославија, со кратенка ИЦТИ. Овој специјален суд е основан во мај 1993 година, значи уште за време на воените судири во поранешна Југославија. Основа тогаш беше една резолуција на Советот за безбедност на ОН и тоа поврзана со барањето процесите да бидат завршени до 2010 година. Оттогаш во Трибуналот имаше четворица главни обвинители, кои пред судот изведоа повеќе од 160 обвинети.

Во последните воени злосторници кои се‘уште се на слобода спаѓаше и Радован Караџиќ, кого го уапсија во Белград. Остануваат меѓутоа уште Ратко Младиќ, неговиот генерал на армијата, како и водачот на хрватските Срби Горан Хаџиќ. Поедноставните случаи во меѓувреме беа отстапувани на националните судови на земјите наследнички на поранешна Југославија со цел да биде растоварен судот во Ден Хaаг. Но, процесот против Радован Караџиќ, кој се смета за еден од главните протагонисти на војната во Босна ќе се води во Ден Хаaг.

Истурени одделенија

Тесно поврзан со Трибуналот за Југославија е и Трибуналот за воените злосторства во Руанда со седиште во танзаниска Аруша. Тој всушност важи за еден вид близнак суд на Трибуналот за злосторства во поранешна Југославија. Обично за двата суда постои еден главен обвинител. Освен ова, постои и т.н. специјален суд за Сиера Леоне во Фритаун, формиран по крајот на војната во овој регион во 2002 година. Тој има и истурено одделение во Ден Хааг, каде беше обвинет поранешниот либериски диктатор Чарлс Тејлор.

Многу судови, а тука доаѓа и оној кој во иднина треба да ги замени сите: Меѓународниот кривичен суд, исто со седиште во Ден Хааг, основан во 2002 година, но во функција од 2003. Тој се свикува секогаш кога некој друг суд не сака или не може да преземе некој случај. Тој ќе постои и тогаш кога другите трибунали ќе ги затворат вратите, а ќе се појават случаи како сегашниот со Радован Караџиќ.