1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Каде уште можете да запалите цигара?

Дали додека пеиете пијалок во некое кафуле ќе седите во облак чад, зависи од тоа во која германска покраина се наоѓате. Поминаа пет години од воведувањето забрана за пушење на јавни места.

Најпопуларниот германски фестивал, Октоберфест во Минхен, без пушење во шаторите? Звучи незамисливо, но навистина е така. Забраната за пушење навистина овде како обврска заживеа дури во 2011. година.

„Искрено, бевме изненадени кога овој закон заживеа“, рече портпаролот на Октоберфест откако во покраината Баварија се гласаше на референдум за забраната. Задачата не беше лесна, требаше гостите на фестивалот, особено оние од странство, навреме да бидат информирани. Но, се‘ течеше според планот и забраната беше прифатена.

„Во Сингапур нема ни плукање по подот, зашто луѓето знаат дека поради тоа можат да бидат приведени“, вели портпаролот. Забраната за пушење не го наруши расположението на Октоберфест, а не го намали ни бројот посетители.

Каде пушачите можат да запалат цигара?

Дури и ако законот за забрана на пушење на Октоберфест не заживее, ќе биде применуван онаму каде е можно, зборуваа своевремено политичарите. Забраната за пушење на јавни места, објекти, градскиот превоз и во институциите на сила е веќе пет години. Од другастрана, во угостителството долго владееше хаос, зашто во оваа бранша главниот збор го имаат покраинските власти. Во пракса тоа денес изгледа вака - дали пушењето во некој објект ќе биде забрането зависи од неговата големина, односно дали е поголем од 75 квадратни метри. Не помалку важно прашање е дали во објектот работи сопственикот и членови на семејството, дали се служи свежо зготвено јадење и дали во објектот имаат пристап малолетни лица.

За волја на вистината, има многу исклучоци. Пушачите не се секогаш принудени да палат цигара пред локалот. Во германската покраина Северна Рајна Вестфалија е дозволемо пушење во шатори, како и во бројните мали пабови, кои ги нарекуваат пушачки клубови. Во посебни околности, пушењето е дозволено и на познатиот карневал. Црвено-зелената влада во покраинскиот парламент со седиште во Диселдорф тоа сака да го промени, по углед на Баварија. Во случај на непочитување на законот, се плаќа казна до 2500 евра.

Отпор од тутунското лоби, поддршка од граѓаните

Социјалдемократот Лотар Биндинг, иницијатор на германскиот закон за забрана за пушење, вели дека цела Греманија треба да се огледа на Баварија.

„Не можете на младите во Манхајм да им објасните дека пушењето е забрането, зашто е штетно. И во Лудвигсхафен пушењето некаде е забрането, а пет метри потаму - дозволено“.

Биндинг тврди дека тутунското лоби во Берлин се обидува да создаде атмосфера на противење на забраната за пушење. Има обиди кај одделни политичари со повици, подароци и слични потези.

Биндинг започна да се залага за забрана на пушење поради здравствените проблеми предизвикани од тутунски чад. Тоа навистина беше тешка борба, зашто на негова адреса почнаа да стигнуваат бројни писма на пушачи и сосптвеници на локали. Битката се исплатеше, вели Биндинг, зашто бројот пушачи меѓу малолетниците од 12 до 17 години се намалува. И последната анкета покажува - порасна бројот на граѓаните кои поддржуваат забрана за пушење на јавни места, дури и меѓу пушачите. Покрај другото, Германците на пушењето почнаа да гледаат како на „симбол на сиромаштво и лошо образование“.

„Пропаст на гастрономијата“

Сопствениците на угостителски објекти меѓутоа остануваат скептични. Непушачот Тони Ројдерер смета дека прометот на Октоберфест не може да се споредува со заработувачката на помал локал. Луѓето се задржуваат пократко, на што влијае и тоа што за да пушат гостите мораат да излезат надвор.

Symbolbidl Zigaretten Zigarettenberg Raucher Kippe Zigarette

„Недостасува само политичарите да се согласат и против пушењето во градина, во таков случај, тоа би бил крај на гастрономијата“, тврди Ројдерер. Но, и тој во забраната за пушење гелда нешто позитивно. Зашто, ако ги остават цигарите, луѓето повеќе ќе трошат на храна и на пијалок.

Прометот во угостителските објекти е опаднат, но краткорочно, тврди Лотар Биндинг, повикувајќи се на искуството во Италија и во Ирска. Тој смета дека прописите за забрана на пушење треба да бидат усогласени и применети во цела Европа.

„Порано се зборуваше - па добро, да се излезе пред кафуле во Италија не е проблем, таму е топло“. Во меѓувреме стана јасно дека забраната за пушење заживеа и во други делови на Европа, не само во Германија.