1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Каде се јатаците на Караџиќ и Младиќ?

Последен дел од соработката на Србија со Хаг би требало да биде откривањето на јатаците на обвинетите за воени злосторства. Ќе го завршат ли српските власти овој дел и дали меѓународната заедница ќе инсистира на тоа?

default

Српското село Лазарево каде што беше пронајден и уапсен хашкиот бегалец Ратко Младиќ

Соработката со Хашкиот трибунал што се однесува до Србија е завршена со испорачувањето на главните бегалци и се чини дека проблемот Хаг повеќе не е тема ни за српските медиуми ни за политичарите. Она што преостана да се сработи а за што говори и главниот обвинител на трибуналот Серж Брамерц е откривањето на јатаците и помагачите на обвинетите за воени злосторства, кои толку долго и успешно се кријат, Тоа е практично и единствената забелешка која и‘ ја упатува на Србија во неговите редовни извештаи.

Потребен е надворешен притисок

Српските власти со завршување на тој дел од соработката односно откривање на јатаците нема да се занимаваат без некој посериозен притисок од надвор, оценува за ДВ Орхан Драгаш, директор на Меѓународниот институт за безбедност.

Lazarevo in Serbien Haus Festnahme Mladic

Куќата во која се криел Младиќ со помош на јатаци

„Српските власти ќе се занимаваат со откривање на јатаци во толкава мерка колку што ќе биде вршен притисок врз нив од страна на меѓународната заедница, ЕУ, односно Хашкиот трибунал и конретно Брамерц. Судејјќи според оваа изборна кампања а и независно од неа тие најрадо не би се занимавале со тоа, иско како што немаше да се занимаваат со испораката на обвинетите за злосторства ако не мораа да го направат тоа“. 

Јатаците веќе не се важни

Сега основно прашање е колку меѓународната заедница воопшто ќе инсистира на исполнување и на оваа хашка обврска. Драгаш смета дека на меѓународната заедница не и‘ е многу важно кои се јатаците. Тоа му е важно само на Трибуналот од Хаг и на Брамерц. Орхан Драгаш сепак смета дека тоа прашање може да биде важно за самата Србија.

„ Ако се востанови дека јатаците биле во некаква врска со државните органи или со власта, тоа тогаш е многу опасно. Инаку беше очекувано дека ќе постојат јатаците кои ќе ги кријат обвинетите. Впрочем тоа се нивни пријатели, соборци. Но ако тие биле во спрега со државата, тогаш тоа може да биде многу опасно и е многу значајно да се открие“, вели Драгаш.

Кој е крив за штетата

Ratko Mladic Festnahme

Радован Караџиќ и Ратко Младиќ беа уапсени во Србија и испорачани во Хаг

Данијел Шунтер , директор на Евроатлантската иницијатива, за ДВ вели дека во досегашните постапки пред српските правосудни органи против јатаците се покажало дека не постои подготвеност тоа прашање да се разреши до крај. Шунтер истотака мисли дека на меѓународната заедница тоа прашање повеќе не и‘ е толку важно, но оти Србија треба да работи на него.

„Затоа што тие луѓе и‘ правеа многу голема штета на Србија, пред се’ во процесот на европски интеграции, кој можеше многу побргу да се одвива и да влијае на цела низа други околности кои денес ја мачат Србија. И сметам дека тоа е причината поради која овие луѓе треба да одговараат и сметам дека е голема штета што државата тоа прашање го нема решено на адекватен начин“.

Политичкиот опортунизам- главна пречка

Шунтер вели дека откривањето на јатаците не би фрлило некое ново светло на работата на тајните служби, туку пред се’ би послужило да се расчисти со некои прашања од минатото поради кои Србија плати голема политичка и економска цена. Кога станува збор за пречките ова прашање да се реши до крај Шунтер смета дека за нив е виновен пред се’ политичкиот опортунизам.

„ Затоа што практиката на овие простори покажа дека за жал значајните и големи одлуки се донесуваат исклучиво ако постои непосреден политички интерес и доколку постои силен меѓународен притисок“.

Автор: Ивица Петровиќ/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска