1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Каде се иселуваат Германците?

За многумина Германија е земја каде најрадо би се населелие. За Германците, пак, Швајцарија е најомилено место, кога станува збор за трајно или привремено иселување.

default

Швајцарија, предизвик за Германците: Берн

Александра Еспер мораше да се откаже од нејзиното работно место пред две години, бидејќи требаше да се грижи за родителите. Сега 42-годишната економистка сака повторно да и’ се врати на кариерата. Затоа се пријави во Бирото за вработување: „Сакам да се обидам на странскиот пазар на работна сила, затоа што имам потреба да излезам од Германија“ - појаснува Александра Еспер.

За да може да ги испита шансите за работа во странство, таа оди на разните информативни манифестации што ги организира Бирото за вработување во Бон. Во покраината Северна Рајна Вестфалија секој месец во сите големи градови има такви информативни вечери, на кои доаѓаат барателите на работа кои се интересираат за странство.

Се’ повеќе интересенти за работа во странство

Интересот по работни места во странство бележи голем пораст, вели Дитмар Слупински, раководител на Одделението за работа во странство при Бирото за вработување во Дортмунд. Неговото одделение во изминатата година им помогнало да најдат работа во странство на 9.500 лица. Тоа се околу 1.000 повеќе отколку во 2007 година. Најголемиот дел од нив доаѓа од градежната или металската бранша, од гастрономијата или пак станува збор за лица кои се занимаваат со нега на болни и постари. Најголемиот дел од сите нив заминува во: „... странски земји од германското говорно подрачје. Земјата во која заминуваат најмногу е Швајцарија, на второ место е Австрија, на трето Холандија, а потоа доаѓаат уште Данска и Велика Британија.“

Во Швајцарија или Австрија сака да замине и Едгар Шмиц. Тој има 44 години и сака да работи како негувател. Тоа што сака да оди во земјите од германското говорно подрачје има повеќе причини. „Овде е за мене подобро поради познавањето на јазикот, а освен тоа таму порано престојував повеќе во слободното време.“

Европа сепак најомилена

Тоа што најголемиот дел од иселениците од Германија заминуваат во некоја европска земја може да се објасни со компатибилноста на системите на социјална сигурност, на пример на системот на здравствено осигурување. Освен тоа како граѓани на земја членка на ЕУ не им треба ни дозвола за престој и работа.

Сепак, Германците не се ограничуваат само на европското соседство. „Земјите надвор од Европа се цел на класичното иселеништво и тука се застапени замји како САД или Канада, потоа Австралија и Нов Зеланд. И за овие земји забележуваме засилен интерес“ - појаснува Дитмар Слупински од Бирото во Дортмунд.

Deutsche im Ausland - Johner vor seinem Weingut in Neuseeland

Карл Хајнц Јохнер, еден од иселените Германци во Нов Зеланд, поседува плантажа со грозје

Подалеку уште подобро!?

За Александра Еспер сите овие опции се недоволни, таа сака да си ја проба среќата во сосема друго подрачје: „Токму Обеднетите Арапски Емирати се за мене цел што ми ветува подобра иднина. Во моментов ги собирам и селектирам информациите што ми се битни, особено поврзани со тоа дали како жена можат да сметам на добри можности за кариера во туристичката бранша или како раководител на мали и средни претпријатија.“

Таа веќе добила покана од пријатели да ја посети оваа арапска земја и да ги испита можностите за барање работа. Исто така веќе добила и неофицијална понуда за работа, што и би ја прифатила доколку и’ бидат исполнети неколку услови. Дали тогаш би останала и на подолго? „Да, сакам да заминам на подолго време...“

Emirates Dubai Airport New Terminal

И Обединетите Арапски Емирати се предизвик за Германците

Истото важи и за Едгар Шмиц: „Мојата животна сопатничка исто така е по професија од социјалните бранши и би сакале заедно да најдеме работа во странство.“

За неговата струка, нега на постари лица, тој гледа добри шанси во Швајцарија и во Австрија, подобри отколку во Германија. Таму се подобри и платите и работното време, вели тој. Во Германија мора многу да се работи во смени. А што се однесува до платата, Александра Еспер нагласува: „Кога некој работи на така одговорни места, тогаш платата е на второ место, бидејќи егзистенцијата во тој смисол не била никогаш проблем за мене.“

За неа многу поважно е работата да е интересна и да и’ причинува задоволство - се‘ едно дали во Германија или во странство.