1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Каде лета Ербас?

Со нарачките кои му стигнаа во 2013. година производителот на авиони Ербас ги урна сите рекорди. Притоа, европскиот производител немаше проблеми со испораката на нарачаните авиони како неговиот американски ривал Боинг.

Самата промена на името на преминот од старата во новата година веќе го навести тоа: производителот на авионите Ербас е најважниот мотор на концернот кој досега се нарекуваше ЕАДС, а сега веќе се нарекува Ербас-Груп.

На годишната прес-конференција Фабрис Брежиеобјави повеќе рекорди. 2013. беше „активна, успешна година“, рече шефот на Ербас. Тој и шефот на секторот за продажба Џон Лихи потсетија на најважните успеси.

Рекорден број испораки

На прво место се млазните авиони кои во 2013. им се продадени на нови сопственици. Испорачани се 626, со што Ербас го собори сопствениот рекорд.

„Испорачавме колку што планиравме, а во некои случаи има и повеќе“, вели Брежие. Поради слабата побарувачка на пазарот тој не сакаше да даде прогноза за 2014. година.

Според бројот на испорачани млазни авиони, Ербас, навистина, е нешто послаб од ривалот Боинг, кој испорача 648 авиони“. „Но ако се земат предвид ‘вообичаените потешкотии‘, Ербас е ‘екстремно добар‘“, смета стручњакот за воздушен сообраќај Јенс Флотау во разговорот за ДВ. Никогаш досега не била толку голема побарувачката за неговите авиони. „Проблемите кои ги има Ербас се наоѓаат во прашањето - дали може навистина да произведе толку авиони, но тоа се секако луксузни проблеми“, вели Флотау.



Пораст на пазарот во Азија

Што се однесува до нарачките, Ербас оствари врвен успех. Нарачани се 1.503 авиони, а ако се пресметаат и повлекувањата кои се во оваа бранша вообичаени, тоа е 80 проценти повеќе отколку во 2012. година. Овој „џиновски раст“ ги изненади дури и стручњаците во авионската бранша. „На почетокот на 2013. година Ербас појде од тоа дека ќе продаде околу 600 авиони“, вели Флотау, „а сега излегоа речиси 1.000 повеќе.“
Најмногу нарачки пристигнаа од Азија. „Додека пазарите во Европа стагнираат, Азија е за произведувачите на авиони најважен пазар на раст“, вели Флотау. Со нарачките за вкупно 5.559 нови авиони Ербас може пооптимистично да гледа кон иднината отколку кој било друг произведувач на воздухоплови. Ербас со тоа ги пополни производствените капацитети за наредните 9 години.

Обединетите Арапски Емирати нарачаа 50 „суперџамбо“ авиони од типот А 380. Тоа е најголемиот цивилен авион за патнички сообраќај, кој се произведува сериски. Јапонија Ерлајнс нарача 31 нов авион за летови на големи растојанија од тип А 350. Сепак, „сите нарачки се еднакво важни“, нагласува Брежие.

Прилагодување на цените - нагоре

Со успехот доаѓа и до поскапување на целата палета производи. Ербас ги зголеми цените за 2,6 проценти. Со тоа сака да се нагласи „непобитната вредност на нашето модерно, економично семејство на авиони“, вели шефот за продажба Џон Лихи.

Јенс Флотау гледа ризик само уште во последнте тестови за авионот А 350, кои треба да спроведат кон крајот на 2014. Ако тие поминат без проблеми и ако производството биде рентабилно, најдоцна во 2016. може да се очекува „дека ќе дојде до нов значителен раст“.