1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Каде живеат најсреќните луѓе на светот?

Што е доволно за еден човек да биде среќен? Низ светот мерилото за среќа е различно - нискa стапка на невработеност, функционална социјална држава, висина на приходите или, пак, личното задоволство.

Данска од пред неколку години се држи на прво место на светската листа на среќа. Ниските стапки на невработеност и социјалната држава која функционира добро се економските позадини на среќата на Северот. Според истражувањата, Данците сметаат дека има една сосема едноставна причина за нивниот позитивен однос кон животот - тие немаат големи очекувања од иднината и затоа не можат да бидат разочарани.

Да се биде материјално осигуран помага во уживањето во животот. Парите, дури и кога изреката вели поинаку, сепак ги прават луѓето среќни. Едно истражување на американскиот универзитет Принстон покажува дека за оваа среќа сепак има граница. Околу 60.000 евра годишен приход автоматски не прави пријатно чувство - утеха за оние кои не можат да си дозволат луксузни автомобили.

Во едно кралството на Хималаите економскиот раст не е мерило за нештата, туку задоволството на жителите. Правото на среќа во будистичкиот Бутан е загарантирано во уставот и секоја година се проверува и анализира од страна на државата. Да се биде дел од среќата во Бутан во секој случај не е сосема евтино. Речиси 200 евра ги чини туристите секој ден во земјата. Со тоа ќе се исплашат туристите кои патуваат за евтини пари и со еден ранец на грбот.