1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Каде е Осама Бин Ладен?

Најбараниот светски терорист Осама Бин Ладен, по петти пат годинава, минатиот петок (30.06.06) се јави со нова видео порака. Во неа зборуваше за херојството на неодамна ликвидираниот шеф на Ал Каида во Ирак, Абу Мусав ал Заркави и најави нови напади врз САД. Ова повторно ги отвора прашањата зошто човекот кој е одговорен за нападите од 11 септември 2001 година е се уште нна слобода? Даниел Шешкевиц се обиде да пронајд

Бин Ладен испраќа само видео пораки

Бин Ладен испраќа само видео пораки

е одговор во слениот бекраунд.

Каде е Осама Бин Ладен? Ова прашање редовно го поставуваат американските медиуми кога ќе се појави нова видео порака од најбараниот терорист.

Успехот на САД со ликвидацијата на Ал Заркави во Ирак е сосема спротивен факт споредено со неуспешните обиди во изминативе пет години по нападите во Њујорк и Вашингтон да се пронајдат Осама Бин Ладен и неговиот заменик Ајман Ел Завахири. Роберт Гингер, кој до фебруари беше шеф на одделот за борба против тероризмот во ЦИА објаснува:

“Мора вака да се гледа на работите – пет години потоа главните осомничени за нападите се на слобода и тоа не може да се смета за успех”.

Во разузнавачките кругови кружат две теории. Едните велат Бин Ладен веќе не е важен. Оваа теорија ја поддржува поранешниот советник за тероризам во Белата Куќа Ричард Кларк.

“Мислам дека Бин Ладен веќе не е никаква закана. Тој сега е само една симболична фигура. Секако ќе биде добро САД да го ликвидираат. Но, во меѓувреме помина толку многу време што ќе биде само наша пирова победа ако го фатиме”

Кларк верува дека убиен Бин Ладен – слично на Че Гевара – е поголема закана отколку жив Бин Ладен.

Втората теорија, која ја поддржува официјално и владата на Буш, смета дека Бин Ладен и понатаму е закана и дека се наоѓа на авганистанско – пакистанската граница, и тоа најверојатно на страната на Пакистан.

Но, зошто не се испратат таму неколку илјаци војници и специјалци за да се уапси Бин Ладен. Роберт Гингер поранешен вработен во ЦИА вели:

“Да претпоставиме дека ќе испратиме неколку американски дивизии во Пакистан и ќе ја повредиме независноста на земјата. Тоа ќе поттикне многу племенски побуни и можна смена на Мушараф. И така може и ќе го уапсиме Бин Ладен, но по која цена”, прашува Гингер.

Во меѓувреме најбараниот терорист е се уште на слобода.