1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Каде е Македонија на европската енергетска мапа?

Големите енергетски проекти ја заобиколуваат Македонија, но тоа не ја доведува во прашање енергетската стабилност на земјата, сметаат експертите. Проектот „АМБО“, пак, се’ уште е само далечна конструкција.

default

Јужен тек

Македонија е само набљудувач на големите игри што ги водат моќните држави за контрола врз енергетските извори и коридори. „Набуко“, „Северен тек“, „Јужен тек“, „Син тек“. Ниту еден од овие гасоводи нема да минува низ македонска територија. Во Руско-европската пресметака за гасот Укрина губи, Турција станува фактор. Позицијата на Македонија останува иста. Познавачите сметаат дека тоа што главните енергетски коридори ја заобиколуваат Македонија не претставува закана за енергетската стабилност на земјата.

Енергетските коридори ги одредуваат моќните фактори

Борис Рикаловски, поранешен директор на Рафиерија и поранешен министер за стопанство и Димитар Хаџимишев, директор на Топлификација, во разговорот за Дојче веле објаснуваат.

„Можеме да се снабдуваме од постојните системи кои се близу до нас така што не мислам дека ова што овие големи системи не минуваат низ нашата земја се доведува во прашање енергетската стабилност“, вели Рикаловски.

„Македонија ќе има проблем со енергија, но не затоа што е надвор од овие правци, бидејќи генерално овие правци поминуваат на Балканот и тоа е многу добро“, вели Хаџимишев.

Nabucco Erdgas Pipeline

Набуко

Македонија е далеку од почетните и завршните точки на најважните енергетски патишта. Далеку од големите производители и потрошувачи на енергенси. Таквата позиција и малиот пазар ја прави земјата неважна при трасирањето на гасоводите и нафтоводите. Енергетските коридори ги одредуваат моќните фактори вели Хаџимишев. „Тие енергетски коридори ги прават многу моќни држави и многу моќни компании. Нереално е да се очекува дека Македонија може да влијае на трасите,“ смета Хаџимишев. „Во последниве десетина години ниту една македонска Влада не покажа особен интерес за вклучување во вакви проекти, а тие никогаш нема да ви дојдат на тацна туку за нив треба да се изборите“, додава Рикаловски.

„АМБО“ - вечен проект

Македонија може да се пофали со „АМБО“ како вечен проект, кој никако да стартува. Нафотоводот што треба да ја пренесе азиската нафта од Црното до Јадранското море е се’ уште далечна визија без дефинирана финансиска конструкција.

Grafik Ostsee-Pipeline

Северен тек

Поранешниот министер за стопанство Рикаловски смета дека државата треба да биде поактивна во однос на овој проект. Хаџимишев пак смета дека „АМБО“ веќе ја загубил битката со конкуренцијата.

Македонија е енергетски зависна од увоз. Иако има недостиг од енергенси во изминатите години многу малку или воопшто не инвестираше во изградба на нови капацитети. Дури сега, толку време од осамостојувањето земјата изготви енергетска стратегија што ги зацртува приритетите и проектите во наредните 20 години.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска