1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Каде е вистината за договореното во дијалогот?

На премиерите на Србија и на Косово е да и’ ги претстават на јавноста договорите постигнати во дијалогот – е пораката од Брисел за различните толкувања на договорот за царините за стоката која оди на северот од Косово.

„Повеќе пати рековме дека ЕУ го олеснува овој дијалог, а на едната или другата страна е да ги толкува договорите пред својата публика. Јас секако нема да влегувам во тие расправи“, изјави Маја Коцијанчич, портпаролка на шефицата на европската дипломатија, на прашањето која е вистината кога се работи за различните информации за формирањето на Фондот за развој на северот, а кои дојдоа од премиерот Хашим Тачи и шефицата на косовскиот преговарачки тим Едита Тахири, од една страна, и премиерот Ивица Дачиќ и шефот на српскиот технички тим Дејан Павичевиќ, од друга страна.

Во Брисел се повикуваат на пишаната изјава на шефицата на европската дипломатија, која уследи по четвртата рунда од дијалогот и во која стои дека „двајцата премиери дојдоа до привремен договор за собирањето на царините, давачките и таксите“ на граничните премини под заедничка управа на Белград и Приштина. Истовремено се повторува дека за ЕУ е важно „договореното во дијалогот да се применува“.

„За нас е важно постигнатите договори да се применуваат. За конкретните прашања, како што е прашањето за конвоите, тоа значи дека тие мораат да минат. Истото значи и за договорот околу фондот. На едниот и другиот премиер е да и’ го претстават на својата публика договореното“, вели Коцијачич.

Porträt - Maja Kocijancic

Маја Коцијанчич, портпаролка на Кетрин Ештон

Колку дијалогот меѓу Белград и Приштина е транспарентен?

Неодамна во Европскиот парламент, за време на расправата за нацрт резолуцијата на Србија, посебно е побарано јакнење на транспарентноста и информирањето за дијалогот меѓу Белград и Приштина, бидејќи во спротивно, сметаат европските парламентарци, „на процесот може да му недостасува легитимност, кредибилитет и поддршка од јавноста“.

Истовремено во Меѓународната кризна група велат дека се сложуваат со ставот дека на ЕУ не е да објаснува договори, но исто така додаваат дека е познато оти двете страни различно на својата јавност и’ ги објаснуваат резултатите од дијалогот „за од неа да добијат полесна согласност за постигнатото“.

„Важно е политичарите од двете страни да бидат поконкретни и потранспарентни и јасно да кажат што се случува, посебно кога ситуацијата на северот од Косово е во прашање. Важно е граѓаните од северот, Србите кои таму живеат, да сфатат за што таму се разговара и што е договорено. На Белград е тоа внимателно да им го објасни, вели , изјави за Дојче веле Сабина Фрејзер, директорка на МКГ за Европа.