1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кавга околу стратегијата во Газа

Израелската авијација нападна цели во појасот Газа, како одговор на ракетните и минофрлачки напади врз израелска територија. Во израелската влада се евидентни несогласувањата околу идната стратегија за примирје.

default

Израел реагира со воздушни напади на ракетирањето од радикалните Палестинци

Израелската воена авијација, според изјави на палестински очевидци извршила напад врз едно возило во Рафах на југот од појасот Газа. Притоа двајцата патници во возилото биле тешко повредени, а уште едно лице загинало, говорат првичните информации. Кратко пред тоа биле испукани минофрлачки гранати врз израелска територија, кои не предизвикале никакви штети. Меѓутоа, министерот за одбрана Ехуд Барак порача дека израелските воени сили и натаму ќе продолжат да реагираат на ракетните напади од палестинските екстремисти.

Тој знае оти вчерашните напади со Касам-ракети и минофрлачки гранати не биле изведени од Хамас, туку од помали радикални групи, меѓутоа порача дека Хамас ја носи одговорноста и мора да го спречи тоа.

„Непотребно дрдорење“

Запрашан за извештаите во денешните весници, според кои премиерот Олмерт и министерката Ливни во текот на вчерашната владина седница жестоко го критикувале поради наводна пасивност во поглед на најновите ракетни напади, Ехуд Барак одговори:

„ Ова е непотребно дрдорење, кое никогаш не би допрело до јавноста, да не беа претстојните парламентарни избори. Јас дејствувам во согласност и со целосно разбирање со началникот на Генералштабот, раководителот на Одделот за воено разузнување и со генералот кој командува со операцијата во Газа. Секоја цел се проверува. Видот, насоката и ефикасноста на нападот, временските услови и цела редица други нешта мора притоа да бидат земени предвид“, изјави Барак.

Israelische Soldaten mit Munition

Израелски војници во Газа, архивска снимка

Министерката за надворешни работи Ципи Ливни, чија популарност на осум денови пред изборите во анкетите стагнира , била разлутена пред се’ од намерата на Барак, со помош на египетските посредници да договори примирје со Хамас. Тоа му дава легитимација на Хамас, нешто што Ливни сака да го спречи по секоја цена. Покрај тоа таа изјави дека Барак се однесува кон неа шовинистички. Обвинение што Барак веднаш го отрфли.

„Сакам уште еднаш да истакнам дека никој не им дава упатства на началникот на Генералштабот, на директорот на тајната служба и на командувачкиот генерал а ни мене, како и кога мора да се постапува против Хамас и кога треба да биде прекинат огнот. Сите вакви брборења ги отфрлам како нонсенс, кој нема никаква врска со одлуките на владините седници“, рече Барак.

Бура во чаша вода?

Најреномираниот израелски воен репортер и советник на поранешниот премиер Јицак Рабин, Ејтан Хабер во весникот „Једиот Ахронот“, го опишува расколот во владиниот врв со следниве зборови: „ Ако сега немаше избори, овој нонсенс никогаш немаше да допре до јавноста. Олмерт дејствува против Барак, Барак против Ливни, Ливни против Нетанјаху, а Нетанјаху, лидерот на десничарската партија Ликуд, која води во анкетите, против сите. Може само да се надеваме, веруваме и молиме дека носителите на одлуки се водат исклучиво од безбедносно политички проценки.“




DW.COM