1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кабаетот е сирак

Интеграцијата во Германија е дежурна тема и деклариран државен приоритет. Додека некои причината за неуспеси ја гледаат кај мигрантите, голем дел од нив самите, особено младите, топката ја префрлаат врз општеството.

default

Млади со мигрантско потекло

„Млад сум, блиску до смртта, но сеедно, рапувам, ќе го остварам својот сон, моите родители ќе страдаат, но јас веќе не можам да издржам, ќе излезам надвор и на луѓето ќе им покажам што знам, јас сум берлински Турчин...“

Вака пее Чала Будагли за својот живот како мигрант, рапер е од хоби, носи капче на главата, сребрени синџирчиња и има темна боја на кожата:

„Овде сум роден и тука сакам да останам, но и по 28 години поминати тука, јас сум уште странец. Штета што немам пари, инаку ќе си имплантирав светла коса и сини очи за животот да ми биде полесен и без проблеми“.

Турнати на улица

Чала е израснат во берлинскиот кварт Кројцберг во Берлин, во сиромашно семејство гастарбајтери. Станот на родителите бил многу мал, годините како тинејџер ги

Symbolbild Imigrationsland Deutschland

Поголема грижа за интеграцијата, а не само ветувања

поминал во блискиот Центар за млади, кој им нудел разни активности на момчињата и девојчињата, се‘ додека не бил затворен, поради штедење на властите:

„Така стигнавме на улица и направивме куп глупости. Се занимававме со криминал за да можеме да си обезбедиме пари за кино, за Најк-патики. Крадевме, напаѓавме, а тоа е најглупавото што го направивме во животот. Но, бевме турнати на улица, нешто моравме да правиме. Со 14 години бев во затвор, што не ме одврати од лошиот пат, со 18 години таму се најдов по втор пат, на двеипол години. А навистина се‘ почна со затворањето на Центарот за млади, ние веќе немавме каде да се собираме“.

За младиот Берлинчанец со турско потекло е јасно: германските училишта, соседите, не се интересираат за доселениците.

Со фалсификувано место на раѓање до работно место

Слично мисли и Сердар Кобан, квалификуван металец, кој со своите 29 години знае дека мигрантите се особено погодени од невработеноста:

„По долгиот период без работа, решив дека морам да прифатам било што, но не успеав, па почнав да ги фалсификувам моите документи, го преправив изводот од раѓање. Така и успеав да добијам работно место, иако на криминален начин, но не со лоша намера. Зошто станав криминалец? Зашто во оваа земја немав друга можност нешто да постигнам или да ја обезбедам својата егзистенција.“

Двајцата млади мажи се жалат дека германското општество ги сместува доселениците во некој вид гета. Државата издвојува премалку пари за социјално слабите мигрантски семејства, во медиумите постојат клишеа.

„Тие прикажуваат само лоши слики, дека Али и Мустафа претепале некој дедо во метро со пораката: вака се однесуваат странците. Покажуваат џанки-типови на улиците, Турци, Арапи, па со тоа кај Германците создаваат неповолна слика за доселениците.“

Разни причини за фрустрацијата

Експертите за интеграција од Берлин се уверени дека фрустрацијата на младите Турци или Арапи има различни извори: тие се чувствуваат игнорирани од германската

Bilder zur Reportage Migranten zur Wahl

Фрустрациите почнуваат често во семејството

политика, доживуваат дискриминација во училиштето или на улица, се чувствуваат запоставени во своите семејства. Берлинскиот социјален работник Харун Свајс, палестински Јорданец, ги познава добро проблемите на арапските тинејџери:

„Се чувствуваат запоставени од повеќе причини. Прво, поради големиот број деца во семејството, повеќе отколку во германските семејства, тесни станови, а улога игра и јазикот. Родителите обично не знаат германски, а децата слабо зборуваат арапски. Постои и страв кај родителите од загуба на нивните деца ако тие се интегрираат во општеството, па така нема веќе да бидат арапски, туку германски деца. Постојат многу проблеми.“

Доказ за постоење излез

Двајцата млади Турци од Берлин, Хала и Сердар успеале да ја избегнат изолацијата со помош на социјални работници и интеграциони проекти. Чала по затворот станал рапер, денес држи курсеви по брејкденс и работи на проекти против насилство. Сердар основал сервис за компјутери и пишува поезија. Сака да објави и книга за животот на мигрантите:

„Секој човек прави грешки во животот, па и јас, но од нив го извлеков позитивното. Тоа и го запишав, за да не дојдам пак во фаза на безнадежност. Тоа е дело кое ќе претставува доказ за другите: еве еден кој бил како мене, кој доживеал исти работи, но сепак успеал.“

Автор: Јенс Росбах / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска