1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

И 2007 - та година на економски растеж

Германската влада и експертите за годинава предвидуваат економски пораст на бруто домашнииот производ од 1,7 проценти. Тоа е помалку од порастот во 2006 - тата, која економистите ја квалификуваат како “бум" година, но значи продолжување на позитивниот тренд. Сојузниот министерот за стопанство и технологија Михаел Глос, вчера во Берлин го презентираше годишниот извештај за стопанските движења.

Помалку невработени, повеќе инвестиции...Голем е оптимизмот за 2007- та за министерот за стопанство Михаел Глос

Помалку невработени, повеќе инвестиции...Голем е оптимизмот за 2007- та за министерот за стопанство Михаел Глос

Стопанството процвета, бројот на нови вработувања расте, невработеноста се намалува и прв пат после долго години ќе бидат исполнбети критериумите од Мастрихт и дефицитот ќе се сведе на дозволениото ниво.Ова е резимето од годишниот извештај за стопанските движења во 2007 кој го донесе германската влада а беше соопштен во Берлин. “Повторно сме на еден цврст курс на стопански пораст...” - изјави министерота Михаел Глос.

За 2007 експертите предвидуваат стопански пораст меѓу 1,3 и 2,1 процент. Владата во своите проценки отиде со 1,7 проценти. Едновремено Владата смета дека годинава нови вработувања ќе има за 300.000 лица, додека бруто платите треба да пораснат за околу 2 процент. Позиотивното гледање на напред, го делат и претпријатијата и инвеститорите. За ваквиот нагорен развој посебна улога има и Владата, која со својата стопанско политичка стратегија отвори перспективи за инвеститорите смета Глос кој го истакна и значењето на санирањето на дефицитот и зголемувањето на даноците. Тој меѓутоа предупреди дека мора да се биде внимателен со даноците, но дека вистинските мерки беа преземени во вистинско време. Кога нема да има страв за работните места нормално дека ќе расте и потропувачката, а со тоа пораст ќе има и во инвестициите вели министерот Михаел Глос.

Инаку, во годишниот извештај за стопанските движења е истакнато дека 2006 тата за Германија беше исклучително успешна година со пораст на домашниот бруто производ од 2,5 проценти. Невработеноста беше намалена за 764.000 лица, што се должи и на меката зима и ангажирањето на градежните сезонски работници.

Во текот на претседателствувањето на Германија со Европската унија во првите шест месеци од годинава министерот Глос најави дека ќе се ангажира за либерализација на европскиот пазар на услуги, како и за форсиерање на инвестициите во новите технологии од кои би требало да профитира не само Германија туку и Европа. Тој уште еднаш за повтори заложбата на германија за долгорочна сигурност во снабдувањето и во цената на енергијата. Во врска со стравувањата за укинувања на секое трето работно место на Ербус, односно 8.000 од вкупно 23.000 во германските производни погонио на ЕАДС, министерот Михаел Глос категорично изјави ќе направи се и ќе апелира до француските партнери и раководство на Ербус да ги преземат неопходните мерки кои нема да бидат на штета на Германија, туку ќе се спроведат во производните единици и на двете земји.