1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

И 13-тата дОКУМЕНТА без македонски уметници

Меѓу 150-те уметници од светот кои се претставуваат на 13-тата дОКУМЕНТА во Касел, нема ниту еден македонски творец, зашто како велат организаторите при изборот на уметниците критериум не е земјата од каде потекнуваат!

Секои пет години Касел живее со 100-те дена дОКУМЕНТА, изложба на современата уметност на која се претставуваат слики, скулптури, инсталации, перформанси, фотографии, филмови и експерименти на творци од светот. Од првата дОКУМЕНТА во 1955-тата до оваа годинашнава, 13 по ред - немало ниту еден уметник од Македонија. Дали станува збор за строги критериуми во изборот или, пак, немање интерес од страна на македонските автори еве што велат организаторите.

„Решавачко за учеството на дОКУМЕНТА не е земјата, потеклото на уметниците туку нивните креативни дострели. Учесниците на изложбата се покануваат од страна на организаторот, уметничкиот тим задожен за концептот. Поедничено ниту еден творец, без разлика во која земја живее и работи, не може да аплицира.Значи, учеството на дОКУМЕНТА е исклучиво со покана“, објаснува за ДВ Лена Праде од Службата за односи со јавноста на дОКУМЕНТА.

Mazedonisch

Игра на светлината, сликата и прикаската во видеото на Налини Малани

Инаку, како вели Праде меѓу две изложби на дОКУМЕНТА има време од пет години. Во тој временски простор строго се дефинирани термините кои работи кога треба да се заврѓат, почнувајќи од изборот на ументничкиот директор и комплетниот тим, преку дефинирање на пораката до покнувањето на избраните автори.

Парк на креација

На годинашнава изложба која трае до 16 септември учествуваат 150 творци од многу земји од светот. Праде објаснува дека за годинава е карактеристично што изложбата исклучително многу е ориентирана кон градот Касел. Се изложува на многу различнио места кои од граѓаните како да се подзаборавени или биле вклопени во градскиот амбиент и станале „невидливи“. Учесниците на дОКУМЕНТА се обидуваат овие места повторно да ги оживеат и вратат во сеќавањата. Тоа се на пример каскадното кино, куќата на Хугенотите, но и потсетувањето на целокупната архитектура на Арнолд Боде, основачот на дОКУМЕНТА.

Покрај класичните изложбени простори како „Фридерицианиумот“, „Новата галерија“ или „Музејот на браќата Грим“, вистинска ширина и оригиналност годинава нуди пространиот парк на кој триесеттина автори се претставуваат со свои проекти. Со оглед што станува збор за отворен простор безмалку сите се фокусираат на „мајката – природа“: нејзината магија, но и уништување. Тука е на пример комплексаната инсталација на Французинот Пјер Уг во која централно место има едно куче со флиоресцентен розов стомак сместено врз куп земја, за кое многу од посетителите се прашуваа: дали е живо или препарирано? Вистинска атракција е и аудио инсталацијата на „илјадагодишната шума“ на Џенет Кардиф и Џорџ Бјурс Милер. Посетителите се поканети да седнат меѓу високите дрвја на кои се инсталирани триесеттина звучници преку чии тонови публиката се втурнува во еден иреален свет: од тивките шепоти, до гласните удирања на метал со метал, небаре борба со мечеви - и сето тоа меѓу дрвјата во шумата која секојдневно се менува - како и животот: се раѓаат нови дрвја, други умираат!

Leaves of Grass

Инсталација „Ливчиња од трева“ на уметникот Џефри Фармер



Акцент на видеофилмовите

Кардиф и Милер на дОКУМЕНТА 13 се претставуваат и со видио прошетка во старата железничка станица на Касел каде со користење на видео-филм преку смарт фон, посетителите за половина час се актери на реалноста и фикцијата. Во некогашната железничка станица импресивен е просторот со железнички пруги и перони, но вистински хај-лајт е видео филмот на Вилијам Кентриџ од Јоханесбург. За влез во просторијата каде се проектира филмот се чека и по половина час, но секој сака да го види најновото остварувањена Кентриџ, зашто е навистина импресивно. Овојпат тој ги обработува времето и модерното, почнувајќи од нормирањето на времето во екот на индустриската револуција до денес. Филмот е работен во црно-бела техника, а ликовите се црни подвижни силуети кои се движат преку четирите ѕида на просторијата. Проследени со возбудливи звуци пред публиката во такт на огромниот метроном дефилираат и мегафони, тркала, часовници и други механички уреди.

Clocked Perspective

„Перспектива од часовникот“ на уметникот Анри Зала

Многуте видеа, меѓу кои и „Потрагата по исчезнатата крв“ на пакистанката Налини Мелани го привлекуваат вниманието на годинашнава дОКУМЕНТА. И покрај бројните проекти за кои човек и се прашува дали навистина се уметност или не, има творби кои се по вкус на традиционалната класика во модерното од кои се одзема здивот. Меѓу многуте - само два примера: фотомонтажата на големиот авион и металните мотори-машини на Томас Баирле, но и огромните (три мети долги и седум високи) импресивни архитектонски скици на Американката Џули Мерету.