1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

И Јанкулоска побара нова истрага за смртта на Трајковски

Министерката за внатрешни работи на Македонија Гордана Јанкулоска изјави дека во извештајот на владата има нови моменти и информации за падот на авионот, во кој загина претседателот Борис Трајковски.

default

Министерката за внатрешни работи на Македонија Гордана Јанкулоска

Министерството за внатрешни работи на Македонија има нови информации и нови моменти, за авионската несреќа во која загина поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, неговата делегација и пилотите, потврди денеска ресорната министерка Гордана Јанкулоска.

„Ќе се воздржам од нивно коментирање бидејќи сметам дека професионалните стандарди налагаат обвинителот да биде тој што ќе зборува за евентуалните нови

Wrack von der Präsidentenmaschine Boris Trajkovski

Авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски (архива)

моменти и нови причини за отворање на истрага“, изјави Јанкулоска по денешното парафирањена меморандумот за соработка за проектот „Профилирање на британскиот модел на криминалистичко разузнавање во РМ“.

Таа апелираше до јавноста за трпение бидејќи, како што потенцира, во овој случај станува збор за предмет кој е стар веќе осум години и затоа неколку денови или неколку недели не се пресудни во однос на откривање на вистината.

Јавниот обвинител Љупчо Шврговски вчера најави дека одлуката на обвинителството за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, може да се смени доколку во новиот извештај се изнесени дополнителни докази кои укажуваат дека постои друга причина што била клучна за падот на авионот кај Мостар. Првичната одлука на Обвинителството беше дека „кингерот“ со кој патуваше Трајковски се урнал поради грешка на пилотите.

Македонската влада во вторникот го усвои новиот извештај за падот на авионот на претседателот Трајковски изработен од воздухопловни експерти.

Автор: СН/ АТ/ миа/ макфакс

Редактор: А. Трајковска