1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И црквите горат во Египет

За време на владеење на претседателот Мурси, коптските христијани во Египет беа деградирани во граѓани од втора класа. Сега тие го поддржуваат развластувањето на Муслиманските браќа и се напаѓани од нивните приврзаници.

„Муслиманските браќа нападнаа однапред“, раскажува коптскиот христијанин Амир Бутрус. На почетокот летале само камења, чичко му тргнал брзо да го засолни автомобилот во гаражата и да се повлече на безбедно место. Туку што сакал да ги затвори вратите од гаражата, се свртел кон напаѓачите и во тој момент директно бил погоден во глава. Неговата крв сѐ уште стои на вратата.

Соседите и пријателите тагуваат по Фаузи Мурид. Манал Мурид, неговата вдовица, стравува дека нивните деца би можеле да бидат следните жртви. „Постојано сме во опасност. Тие повторно ќе дојдат. Тие им се закануваат на сите христијани.Тие ја тероризираат нашата населба, целата земја“.

Брат му на Фаузи Мурид преживеа и покрај два убоди од нож. Исламистите дојдоа за да убиваат: „Тие ме удираа и со стапови. Директно по глава. Ме тепаа многу мажи со стапови“, вели тој.

Многу автомобили се уништени во коптската населба, покажуваат жителите. Но потоа се појавува еден сосед, муслиманин, кој не сака коптите да зборуваат со новинарите од првата програма на германската телевизија. Тие беа принудени да го сопрат снимањето, за да не провоцираат ново насилство.

Ägypten Kopten koptische Kirche Amir Tadros Minya Kairo Gewalt Ausschreitung Zerstörung

Нападнати 61 црква во период од два дена

Мина Табет од Коалицијата за малцинствата ги документира бруталните напади, при што станува јасно дека радикалните исламисти сакаат да ги уништат егзистенцијалните основи на христијаните.

„Избројавме напади врз 58 куќи и 85 продавници. И тие напаѓаат пред сѐ познати личности на коптите,“ вели Табет.

Откако беа расчистени протестните кампови на приврзаниците на екс претседателот Мохамед Мурси во Каиро во рок од 48 часа беа нападнати 61 црква во цел Египет. Причина за насилството е тоа што христијаните го поддржуваат симнувањето од власт на Мурси од страна на војската.

Христијаните меѓутоа се гневни на однесувањето на западните земји кои пред сѐ ја осудуваат египетската влада поради избивањето на последното насилството, но не и Муслиманските браќа.

„Мислев дека христијаните, барем во западнито свет ќе не‘ поддржуваат. Дека ќе ја видат вистината. А вистината е дека ние сме многу лошо третирани од овие луѓе“, вели една жена.

Мурси беше на власт една година. Во овој период, христијаните во Египет беа деградирани во граѓани од втора класа. Протестот на Западот, според нивно гледиште, беше претивок.