1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И Франција под сомневање за „душкање“

По Американците и Британците, сега и Французите имаат скандал со прислушување и надгледување. Весникот „Ле Монд“ пишува за огромна програма на тајната служба за надгледување на електронската комуникација.

Француската тајна служба ДГСЕ, според информации на весникот „Ле Монд“, ги собира систематски податоците од телефонските комуникации, СМС пораките и имејл пораките кои се пренесуваат преку француски врски. Се собираат и податоците упатени до компјутери во странство, како и она што се пишува на социјалните мрежи како Твитер или Фејсбук. Сето тоа се чува со години без каква било правна контрола, пишува весникот.

Се собираат и податоците упатени до компјутери во странство, како и она што се пишува на социјалните мрежи како Твитер или Фејсбук. Други институции потоа, како тајната служба ДЦРИ или царината, од ваквиот куп информации го извлекуваат она што им е потребно и што нив ги интересира.

Кабинетот на францускиот премиер Жан-Марк Еро вчеравечер (04.07) соопшти дека извештајот во весникот „не е егзактен“. Има „повеќе служби“ кои собираат податоци од безбедносни причини, меѓу нив и ДГСЕ, ДЦРИ и царината. Сите мерки се законски рагулирани, а дел од барањата за податоци мора да бидат авторизирани од национално тело за контрола и се документираат, се тврди од кабинетот на премиерот.

И пратеникот од редовите на социјалистите кој во парламентот е задолжен за тајните служби, Жан-Жак Урвоа, изрази сомневање во извештајот. Тврдењето дека се собираат огромен број податоци кои потоа се чуваат не одговара на реалноста каква што мене ми е позната, рече тој. Според Урвоа, Французите во никој случај не се изложени на шпионирање во голем стил, врз кое нема никаква контрола.