1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

И „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Словенија

По „Мудис“ и „Стандард и Пурс“ и рејтинг агенцијата „Фич“ ја намали оценката за кредитоспособноста на Словенија за еден степен. Причина за тоа е пред се’ проблематичниот банкарски сектор

Со „Фич“ и последната од трите големи рејтинг агенции во светот и‘ додели полоша оценка за бонитетот на земјата-членка на еврозоната, Словенија. Експертите за проценка на способноста за задолжување го намалија кредитниот рејтинг на земјата за еден степен на „А-“.

Згора на тоа прогнозите за земјата се негативни, со што се заканува и натамошно намалување на оценката за кредитоспособноста , беше соопштено во седиштето на агенцијата во Њујорк. Од последната проверка во јануари, економската состојба во земјата натамошно се влошила, соопшти „Фич“ во образложението на одлуката и упати и на тоа дека владата во Љубљана нема план за спроведување на неопходната рекапитализација на банките во земјата.

Во минатата недела агенциите „Мудис“ и „Стандард и Пурс“ веќе го намалија кредитниот рејтинг на Словенија. Малата земја стана членка на еврозоната во 2007. година и сега поради забавените реформи, растечкиот буџетски дефицит и ризиците во банкарскиот сектор, важи за следен кандидат за помош од фондот за спас на еврозоната ЕФСФ. Грција, Португалија и Ирска се веќе под заштитниот чадор на еврозоната, додека Шпанија и Кипар поднесоа соодветни барања.