1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И ФАРК на мировен курс

Екстремнолевичарските герилци и колумбиската држава водат борби со децении. Бунтовниците на ФАРК во Колумбија сега го потврдија учеството во мировните преговори со владата.

Тие ќе седнат на преговарачка маса „без незадоволство и ароганција“, изјави шефот на герилската група Родриго Лондоно во видео порака. Според информациите, преговорите треба да почнат на почетокот на октомври во Норвешка, а потоа подоцна да продолжат на Куба. ФАРК е најстарата и најголема герилска група во Колумбија. Кон неа припаѓаат официјално околу 11 илјади борци, активни пред се‘ во граничните области кон Венецуела и Еквадор.

Колумбискиот претседател Хуан Маноло Сантос минатата недела официјално објави дека се водат сондирачки разговори со ФАРК заради наоѓање решение и завршување на вооружениот конфликт кој трае веќе 48 години. Тој меѓутоа, истовремено исклучи стопирање на воените акции против маркистичките бунтовници за време на контактите.

Во конфликтот меѓу колумбиската држава и бунтовниците на ФАРК досега загинаа околу 200 илјади луѓе.