1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

И Улрих се допингувал?

Некогашниот физиотерапевт на поранешниот велосипедски тим “Телеком” Џеф д’Онт во весникот “Билд ам зонтаг” трвди дека победникот на Тур д’Франс во 1977-ма година, германскиот возач Јан Улрих, се допингувал и дури и тој лично му вшприцувал допинг-средство. Улрих досега молчи, а порано негираше користење допинг-средства, иако неговот име беше спомнато во допинг-аферата со шпанскиот лекар Фуентес.

Белгиецот Џеф д’Онт со објавената книга во која ги опишува размерите на допингот во врвниот велосипедски спорт, ја предизвика серијата признанија на повеќемина водечки поранешни и сегашни професионални велосипедисти дека користеле допинг.